Обвинителство: Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности
СВР Скопје, според насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, врши оперативни проверки по известување доставено од страна на Амбасадата на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел, како што се наведува, попречување на изборниот процес.
Во Гевгелија, Валандово и Дојран до 17 часот излезноста на гласачи надмина 50 отсто
Во општина Гевгелија, заклучно со 17 часот на избирачките места излегле 52,9 отсто од евидентираните граѓани со право на глас или 10.096 граѓани од вкупно 19.076 колку што се запишани во гласачкиот список.
Излезноста во Валандово била 52,34 отсто, а во општина Богданци 48,65. Во Дојран, процентот на излезност изнесува 62,34 отсто.
Излезноста до 17 часот 41,39 отсто, пониска од претходните локални избори
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 17 часот е 41,39 отсто, што е за 7 процентни поени пониска од излезноста на минатите локални избори во 2017 година, кога до 17 часот на гласање излегле 48,95 проценти од запишаните избирачи.