Во живо прес конференција на Државна изборна комисија во 17 и 30 часот за локалните избори 2021 - Излесност 41,10%
Даштевски - Изборниот молк ќе трае и по 19 часот
Изборниот молк ќе трае додека се одржува гласањето, и по 19 часот, додека не гласаат сите избирачи кои биле затекнати во избирачките места, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
„Фингерпринтовите“ го продолжија гласањето
Апаратите за отпечатоци на прсти, кои за првпат се употребуваат на избори во земјава, го продолжија гласањето во оние избирачки места каде имало застој. По 19 може да гласаат они луѓе кои се затекнале на гласачкото место и оние кои чекаат во дворот пред местото каде што се гласа. Изборниот молк ќе трае се додека не се затвори и последното избирачко место. МВР има пријави, а Обвинителство отвора предмети за евентуални изборни нерегуларности.
Сликање и кинење гласачки ливчиња и тепачка пред гласачко место
МВР соопшти дека има пријави за низа прекршувања поврзани со изборите, а полицијата работи на расчистување.
Во струшкото село Октиси биле пријавено дека човек го искинал и го фрлил гласачкото ливче.
Во битолското село Мажучиште еден човек го сликал гласачкото ливче.
Во дворот на основното училиште Лирија во гостиварско Речане, каде што се наоѓа избирачкото место 528, имало тепачка меѓу две лица.
За останатите инциденти прочитајте на следниов линк.