Тетовчани одадоа почит на жртвите од пожарот
Стотици жители на Тетово излегоа на марш да искажат почит кон жртвите кои загинаа во пожарот што ја зафати модуларната ковид болница на 8 ми септември при што загинаа 14 луѓе. Тие положија цвеќе пред веќе изгорената модуларната болница. Граѓаните бараат одговорност од политичарите, но и се жалат на недостиг на медицински кадар во тетовската болница.