Судири во Атина на протестот против задолжителната вакцинација
Околу 7.000 луѓе протестираа во Атина во неделата против новото правило со кое се обврзуваат здравствените работници да се вакцинираат против „Ковид-19“. Притоа дојде и до жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата кога демонстрантите почнаа да фрлаат со шишиња, петарди и молотови коктели кон полицијата која одговорила со солзавец, шок бомби и водени топови.