Дали ќе падне владата во Грузија поради насилствата против Парадата на гордоста?
Грузијската полиција го одзеде телото на починатиот камерман, кој беше повреден на 5-ти јули, кога беа брутално нападнати десетици новинари и репортери од радикални противници на Парадата на гордоста, која требаше да се одржи во Тбилиси. Камерманот Лексо Лашкарава беше пронајден мртов во неговиот стан на 11-ти јули, по што имаше протести и барање за оставка на владата.