Група Ромки од Србија со музика против принудни малолетнички бракови
Женски ромски бенд од Србија ја користи својата музика за да ги охрабри жените во нивната заедница, барајќи промена на закоравената и векови стара традиција, според која мажот е доминантен. Песните на Pretty Loud се за жени жртви на насилство за кое сведочат многу генерации, но и за малолетни невести, чии татковци ги форсираат да склучат брак. Им порачуваат на жените да бараат љубов, да се спротистават и да се борат за нивното право на еднаквост со мажите.