Во Албанија денеска се гласа на парламентарните избори, кои се одвиваат во услови на пандемијата и остро ривалство меѓу двете најголеми партии во земјата. На изборите се гледа како на клучни за европската интеграција, која се уште чека на отворање на претпристапните преговори со ЕУ.