Извештајот на Националниот разузнавачки совет на САД, кој се прави на секои четири години, дава широк опсег на глобалните трендови и потенцијалните сценарија што најверојатно ќе го обликуваат амбиентот за национална безбедност на САД во следните 20 години. „
Во наредните години и децении, светот ќе се соочи со поинтензивни и каскадни глобални предизвици, почнувајќи од болести и климатски промени до нарушувања од новите технологии и финансиски кризи“, се вели во извештајот, насловен како „Глобални трендови 2040: Поконкурентен свет“.
Путин и Мишел со спротивставени ставови за односите Русија-ЕУ
Регионалните власти и недржавните актери можат да извршат поголемо влијание, со веројатен резултат кој повеќе води „кон конфликти и непостојана геополитичка средина“ и ослабена меѓународна соработка, се вели во извештајот.
Русија го дели Западот
Врвните американски разузнавачки аналитичари ја опишуваат Русија како „растечка и ревизионистичка“ моќ заедно со Кина, желна за преобликување на меѓународниот поредок во кој доминираат западните институции и норми за да одговара на желбата на Москва за традиционални вредности, немешање во нејзините внатрешни работи и „руски доминиран протекторат кој покрива голем дел од Евроазија“.
„Русија веројатно ќе остане моќ на нарушување во повеќето или во текот на следните две децении, дури и кога нејзините материјални можности опаѓаат во однос на другите големи играчи“, се наведува во извештајот, во кој се додава:
„Предностите на Русија, како на пример: голема конвенционална војска, оружје за масовно уништување, енергија и минерални суровини, експанзивна географија и демографија и подготвеност за употреба на сила во странство, ќе ѝ овозможат да продолжи да игра улога на спојлер и брокер на моќ во пост-советскиот простор, а на моменти и подалеку“.
Извештајот сугерира дека Русија ќе продолжи да ја користи информативната војна за да ги засили поделбите на Западот, со цел „да предизвика цинизам меѓу странската публика, да ја намали довербата во институциите, да промовира теории на заговор и да поттикне клинови во општествата“.
Во меѓувреме, Русија веројатно ќе го прошири влијанието во Африка, Блискиот исток и на други места. Москва исто така бара да ги зголеми своите економски и воени стапки на Арктикот, искористувајќи го влијанието на глобалното затоплување врз огромниот северен регион.
Руски внатрешни проблеми
И покрај некои политички и воени предности на Русија, американските разузнавачки аналитичари оценија дека земјата „може да наиде на пречки за да го задржи влијанието на глобално ниво“ поради лошата клима за инвестиции, стагнација на работната сила, потпирање врз стоки со нестабилни цени и економија што се предвидува да биде само околу 2 проценти од глобалниот бруто домашен производ (БДП) во следните две децении.
Блинкен го предупредува Берлин за можни санкции поради „Северен тек 2“
„Слично на тоа, намалувањето на енергетската зависност на Европа од Русија, или преку обновливи извори на енергија или диверзифицирање кон други снабдувачи на гас, ќе ги поттикне генерирањето на приходите на Кремљ и вкупниот капацитет, особено ако тие намалувања не можат да се надоместат со извозот до потрошувачите во Азија“, се вели во извештајот.
На домашен политички план, следните две децении во Русија ќе бидат одредени со заминувањето на претседателот Владимир Путин од власта, или на крајот на неговиот сегашен мандат 2024 година или подоцна. Заминувањето на 68-годишниот лидер „може побрзо да ја уништи геополитичката позиција на Русија, особено ако настане внатрешна нестабилност“, се вели во извештајот, сугерирајќи можна борба на елитата по Путин.
Русија со Кина
Додека Кина и Русија имаат заеднички конкурент во Соединетите држави и другите западни демократии, американските разузнавачки служби соопштија дека Москва и Пекинг веројатно „избегнуваат формални сојузи“ еден со друг и со други земји во корист на трансакциските односи. Таквиот флексибилен пристап ќе им овозможи на двете земји „да извршат влијание и селективно да применат економска и воена принуда, истовремено избегнувајќи меѓусебни безбедносни заплеткувања“.
Кина и Русија покажаа заедништво наспроти санкциите од Запад
Сè додека кинескиот претседател Си Џинпинг и Путин остануваат на власт, Пекинг и Москва веројатно ќе останат „силно усогласени“. „Но, несогласувањата околу Арктикот и делови од Централна Азија може да го зголемат триењето со зголемувањето на разликите во моќта во следните години“, се вели во извештајот.
Климатски промени и глобална миграција
Климатските промени исто така се во фокусот на извештајот, во кој беа забележани тешките адаптации што земјите треба да ги направат, како што се градење складирање на дождовница и зајакнување на крајбрежните ѕидови. Климатските промени дополнително би ја поттикнале глобалната миграција, која веќе се зголемува, предвидува извештајот.
Технолошките иновации и соработката меѓу Кина и Западот се клучот за прилагодување кон климатските промени, демографските поместувања и другите предизвици, се вели во него.
Русија е подготвена да обезбеди вакцини Спутник V за 50 милиони Европејци
„Јазот во довербата“ меѓу јавноста која има верба во владините решенија и пошироката јавност со длабок скептицизам кон институциите расте, се вели во извештајот.
Проблемот се влошува со технологијата. Алгоритмите, социјалните медиуми и вештачката интелигенција ја заменија експертизата во одлучувањето кои информации се шират најшироко, а тоа ја направи јавноста поранлива на дезинформации.
„Во исто време кога населението се повеќе се зајакнува и бара повеќе, владите се подложени на поголем притисок од нови предизвици и поограничени ресурси. Овој јаз што се проширува претставува повеќе политичка нестабилност, ерозија на демократијата и проширување на улогите за алтернативни даватели на управување. Со текот на времето, оваа динамика може да ја отвори вратата за позначајни смени во начинот на управување на луѓето“, се наведува во извештајот на американските разузнавачи.
Што предвидуваше извештајот пред 4 години?
Во извештајот од 2017 година се предвидуваше дека националистички политичари ќе ги еродираат сојузите, пад на цената на нафтата и повеќе изолационистички трговски практики. Исто така, предвиде пандемија (иако во 2023 година, а не во 2020 година), која ќе ги ограничи патувањата, ќе предизвика економска вознемиреност и ќе ги влоши постојните трендови кон изолација.
Во новиот извештај американските разузнавачи за новиот вирус велат: „Слично како и терористичките напади на 11 септември 2001 година, пандемијата на ковид-19 веројатно ќе произведе некои промени што ќе се чувствуваат со годините што доаѓаат и ќе го променат начинот на кој живееме, работиме и управуваме на домашно и меѓународно ниво. Колку тие ќе бидат тие, е под знак прашалник.“