Достапни линкови

Ковид 19 го подбутна електронското плаќање на сметки


Плаќање сметки
Плаќање сметки

Во државата не постои унифицирана база со сите е-услуги, но одделните податоци од институции покажуваат видливо зголемување на луѓе кои плаќаат сметки онлајн. Сепак, најголем дел услуги се плаќаат на шалтер или во банка. На Националниот портал за е-услуги се регистрирани околу 1,5 % од населението.

Луѓето избегнуваат да доаѓаат пред шалтерите во време на пандемија, ни потврдија дел од случајните минувачи во Скопје со кои разговараше РСЕ.

Граѓанин, кој не ни го кажаа името, вели дека современиот начин на електронско извршување на трансакциите овозможува повеќе слободно време како и избегнување на чекање во долги редови пред поштите и банките.

“Генерално практикувам да плаќам се што можам онлајн наместо да одам на шалтер, многу гужва има, не сакам да се групираат луѓе и така. Може пола од Финки да ги вработиш, да им дадеш хонорар, ако не ништо друго и веднаш ќе ти направат цела инфраструктура за онлајн плаќање, за апсолутно се. Ниту една од установите не се толку потребни, како објекти само постојат цереминијално, според мене, сега во новата евра”, вели тој.

Сепак, не се снаоѓаат сите подеднакво добро во времето на дигитализацијата. Главно тоа се повозрасните граѓани. Лазар Крстевски објаснува дека не е целосно уверен оти онлјан плаќањето е безбедно. Тој вели дека одејќи до некој од шалтерите има можност и да се прошета, а поради пандемијата тоа го прави избегнувајки ги термините кога има најмногу гужва.

Корона дигитализација или турканици пред шалтери
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:47 0:00

“Немам доверба во онлајн зашто се случуваат и многу манипултивни работи сум слушал, можеби понатаму ќе прејдам на онлајн, засега одлучив вака. И времето да прошетам малку, ми сугерираат да шетам на мои години заради тоа можеби најмногу поради тоа”, вели Крстевски.

Во Македонија засега не постои унифицирана база со сите податоци за е-услуги, и затоа не е познато колкав е процент од граѓаните кои ги корист услугите електронски.

Но, на пример, податоците на ЈП Водовод и Канализација покажуваат дека бројот на луѓе кои плаќаат онлајн се зголемил за трипати во однос на периодот пред избивањето на пандемијата.

Сепак, Стефан Вангелски, раководител на финансии во ЈП Водовод и Канализација, наведува дека е- плаќање користат само околу 25 проценти од нивните корисници.

“За жал се уште е поголем бројот, би рекол некаде 75 проценти, на оние кои уште ја плаќаат сметка дали во пошта, банка или електронски во банка. Но, од она што е на порталот на Водовод , како апликација на Водовод за онлајн плаќање, и користење на алатката нa “Плати брзо”, кое е исто електронско плаќање, се гледа дека има зголемување значително, периодов, што е факт. Ако на пример, декември 2019 имало 17 илјади и 516 платени сметки електронски веќе во декември 2020 има 39 илјади и 318.”, вели Стефан Вангелески.

Плаќање сметки
Плаќање сметки

Државата обезбедува ограничени е-услуги

Мила Јосифовска Даниловска од невладината организација “Метаморфозис кoи имаат истражувања на оваа тема, потврдува дека пандемијата ја забрза дигиталната трансформација, но нагласува оти како држава сме се уште во почетна фаза.

Таа посочува дека на Националниот портал за е-услуги во моментот има 31.505 регистрирани корисници, што во споредба со бројот на граѓани e само околу 1.5% од населението.

Дополнува и дека неизвесно е и колкав број од регистрираните корисници воопшто ги користат е-услугите од порталот кои во моментов се 150 на број, а кои според Јосифовска не се целосно дигитализирани.

“Едноставно кажано, граѓаните тешко дека може да добијат документи „со само едно кликнување“ на Интернет, бидејќи државата обезбедува ограничени е-услуги, и потенцијалот на е-порталот не се користи целосно, а потребата од поголема посветеност од сите државни институции за искористување на целосниот потенцијал на е-порталот беше една од препораките на Европската комисија од Извештајот од октомври, 2020.” ”, вели таа.

Зад малиот број регистрирани корисници на порталот за е-услуги, според Јосифовска, влијае и неинформираноста на граѓаните за порталот и придобивките кои ги имаат ако го користат, ниската дигитална писменост кај одредени категории на граѓани, но и нивната доверба во инститцуиите.

"Има граѓани кои се плашат дека доколку на документ -исплата не стои физички потпис -печат, тие се неважечки и во некои случаи можат да се соочат со тужби, или присилни наплати", посочуваа Јосифовска.

Плаќање сметки
Плаќање сметки

Таа наведува дека банките во голема мера овозможуваат плаќање на режиски трошоци, и оти одредни даватели на услуги меѓу кои и државни институции имаат свои онлајн портали (плаќање на вода и смет, струја, паркинг, поднесување на годишна даночна пријава, повраток на ДДВ, итн.) или дигитални киосци за електронско плаќање на нивните услуги.

“Меѓутоа, има потреба од подобро промовирање на онлајн порталите , на разбирлив начин за сите категории на граѓани, за да граѓаните се насочат кон добивање/плаќање на услугата онлајн, за разлика од чекање на шалтер за што самите се ставаат во ризик по нивното здравје, а во исто време трошат дополнително од својот домашен буџет и време” вели Јосифовска

Дополнува дека кај дел од институциите недостасува и капацитет за ефикасно целосно испорачување на електронски услуги, а постојат и законски бариери во одредени сегменти, за успешно испорачување на е-услугите.

Од Метаморфозис порачуваат дека на македонското општество му претстои долг пат за постигнувањето на задоволително ниво на дигитализација на е-услугите.

МИОА: На Националниот портал за е услуги има информации за 789 услуги, 150 се во е- форма

На национално ниво во декември 2019 се пушти порталот uslugi .gov. mk, а целта на овој систем е да ги поврзе системите на институциите за давање јавни услуги и да ги обезбеди за граѓаните, преку едно централно место.

Розалинда Стојова раководител на секторот за развој во Министерството за информатичко општество и администрација вели дека во моментот во каталогот се внесени информации за 789 услуги од над 1.300 услуги кои институциите ги нудат на граѓаните и фирмите.

Од 789 те внесени информации за услуги кои институциите ги нудат на граѓани и фимрми, во е- форма може да се најдат околу 150 услуги, а не 150 како што стои на порталот, појаснува Стојова.

"Некои од овие електронски услугите кои ги нуди порталот се сезонски и траат извесен период како на пример, барања за вадење на дозволи за движење, ваучери за млади или за уписи во одредена институција и слично кои важат само во одреден период од годината”, објаснува Стојова.

Таа вели дека во процесот на вклучување на нови електронски услуги како и интеграција на сите електронски услуги кои ги даваат институции кон граѓаните се оди чекоро по чекор.

"Порталот има информација за 789 услуги од вкупно над 1300 услуги кои институциите ги нудат на граѓани и фирми. Процесот на вклучување на нови електронски услуги како и интеграција на сите електронски услуги кои ги даваат институции кон граѓаните е процес з а кој треба и луѓе и време. Сега за сега порталот ги вклучува најфреквентните институции кои даваат административни услуги кон граѓаните”, вели Розалинда Стојова.

На порталот засега има информации и за услуги и на локално ниво, значи за услуги кои ги даваат општините, па од МИОА велат дека комплексно е поврзувањето на општините со порталот и оти треба да се размисли како тие услуги да се поврзат. Но, Стојова вели дека сепак, порталот овозможува со едно најавување да се пребаруваат услуги од повеќе институции за да не мора физички луѓето некаде да се појават.

Во врска со процедурата за користење на Националниот портал за добивање електронска услуга, Стојова наведува дека граѓаните кои имаат побарување од институциите поднесуваат одредено барање, по што добиваат нострификација за статусот на услугата и потоа го добиваат документот.

“Поднесувањето на барањето вообичаено е да е пополнето и да нема грешка. Порталот комуницира се централниот регистар на население и со други регистри за кои има потреба ова да се направи. Граѓаните воедно имаат можност за плаќање на услугата и ние тоа го овозможивме со елктронски картички. Барањето се испраќа до институцијата и таа го враќа со елктронски потпис и печат од институцијата и истиот документ може да се употреби како прилог во други документи", вели Роазалинда Стојова од Министерството за информатичко општество и администрација.

Како да се уверат граѓаните за безопасноста на 5Г мрежата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:11 0:00

За оние граѓани кои немаат услови да го користат порталот зашто не поседуваат интернет, паметен телефон или компјутер или немаат доволно дигитални знаење МИОА има отворени физички пунктови низ градови од државата каде граѓаните преку посредниците кои таму се вработени може да пребаруваат услуги од повеќе институции. Такви центри, во кои грѓаните треба да закажат термин за да добијат услуга, засега има во Куманово и Тетово.

Грција и ковид-19 против бирократските рутини

Грција долго време беше скоро на дното на рангирањето на дигиталната економија на Европската унија, но пандемијата и милијардите евра од Фондот за обновување на ЕУ ги забрзаат промените.

Пред ковид-19, канцелариите на државните службеници беа преполни со луѓе често и за завршување на некои основни работи. Но, за помалку од една година тие се преселија на интернет, бидејќи пандемијата ги надмина старите административни рутини.

„Значи, во суштина преку ноќ, две третини од посетите веќе не беа потребни, бидејќи овие услуги сега се обезбедуваат во стопроцентен дигитален формат“ вели Спирос Протопсалтис, шеф Одделот за вработување.

Преполн со илјадници папки и сини картички за регистрација што се истураат врз работните маси и подот, ходниците на зградата каде што зборуваше сè уште нудат застрашувачка визија за предизвикот за ремонт на јавните услуги во Грција. Но, конзервативниот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека е решен да ја искористи пандемијата за да ги „претрка“ другите земји со зелени и дигитални реформи.

Грција долго време беше скоро на дното на рангирањето на дигиталната економија на Европската унија, но пандемијата и милијардите евра од Фондот за обновување на ЕУ може да ги забрзаат промените. Околу 6 милијарди евра, петтина од 32 милијарди фондови за обновување на ЕУ што ќе ги добие Грција, се наменети за транзицијата. Околу 400 проекти, од мрежи на оптички влакна до зајакнување на сајбер безбедноста и подобрување на вештините, се прикажани во „Библијата за дигитална трансформација“ од 2020-25 година. Слични ветувања за трансформација се слушаа и порано, но со години наталожена бирократија, како и должничка криза што ги десеткуваше инвестициите, нема да бидат решени лесно. Според извештајот на ОЕЦД за 2019 година, две третини од Грците веруваат дека заслужуваат подобар третман од државните служби, што за многумина значи незадоволителна посета во пропаднати канцеларии каде што документите може да исчезнат. Јавните канцеларии престанаа да користат факс-машини само на почетокот на оваа година; брза интернет-врска нема, а античките компјутери со големина на кутија што работат на софтвер од 1990-тите се вообичаени.

„Постојат одредени предуслови за Грција да прескокне како што треба, затоа што во моментов заостанува во повеќето мерила“, вели Никос Ветас, шеф на истражувачката група на Фондацијата за економски и индустриски истражувања.

Како и 5G инфраструктурата, реформата на управувањето со јавниот сектор и образовните реформи за подобрување на дигиталните вештини се од витално значење. „Ако го комбинирате сето ова, тогаш може да имате значителен позитивен ефект врз растот на БДП“, вели Ветас. Притисокот да се разнишаат јавните служби растеше откако неколку влади кои се бореа низ децениската должничка криза ветуваа привлечни иницијативи, како унифицирана платформа за услуги за е-влада.

„Дури и пред пандемијата, 80% од нашите услуги беа дигитални. Се разбира, пандемијата беше забрзувач“, вели Јоргос Пицилис, шеф на Независниот орган за јавни приходи во една од модернизираните канцеларии на власта во Атина каде видео повиците во голема мера ги заменија личните посети.

„Мислам дека тоа е навистина важно и за нас вработените, бидејќи толку многу години ја имавме таа архива, таа физичка архива, и сега сè е електронско, не трошиме хартија“, рече вработениот во канцеларијата Арети Румелоти.

Во другите области, напредокот е побавен. За многу пензионери, потврдата за бенефиции за пензија вклучува долги сесии со службено лице кое користи хартија и калкулатор за да открие како последователните реформи - имало најмалку 13 за време на финансиската криза - влијаеле врз нивните права.

Многу потврди доцнат со години.

„Добрата работа со дигиталната трансформација е што не мора да ви треба многу физички капитал. Потребен ви е човечки капитал и во тој поглед може да се биде оптимист дека Грција може да се трансформира“, рече Ветас.

Владата посочува на инвестициските планови од „Мајкрософт“ и „Амазон“ и, иако многу постари луѓе не користат компјутер, функциите за паметни телефони како услугата за е-рецепт кои започнаа како што избувна пандемијата се покажаа хит. Од 1.500 лица регистрирани кога се отвори, сега има околу 1,6 милиони корисници и скоро една четвртина од рецептите на лекови се издаваат преку интернет.

На национално ниво во декември 2019 се пушти порталот услуги .гов . мк а целта на овој систем е да ги поврзе системите на институциите за давање јавни услуги и да ги обезбеди за граѓаните, преку едно централно место

Пред две години кога властите го промовираа Националниот портал за е-услуги, беа достапни 127 електронски услуги.

Розалинда Стојова раководител на секторот за развој на информатичко општество во МИОА вели дека Во моментот во каталогот се внесени 789 од над 1.300 услуги кои институциите ги нудат на граѓаните и фирмите.

“а од нив во елктронска форма може да се најдат околу 150 електронски услиги, бројот на електронски услуги изнесува околу 150, зашто некој од е услугите кои ги нуди порталот се сезонски и траат извесен период како на пример барања за вадење на дозволи за движење, ваучери з а млади или за уписи во одредена институција и слично кои важат само во одреден период од годината”

Со оглед дека на порталот има информација за 789 услуги, Стојова вели дека процесот на вклучување на нови електронски услуги како и интеграција на сите електронски услуги кои ги даваат институции кон граѓаните е процес з а кој треба и луѓе и време.

Сега за сега, таа посочува дека порталот ги вклучува најфреквентните институции кои даваат административни услуги кон граѓаните. На порталот засега има информации и за услуги и на локално ниво, значи за услуги кои ги даваат општините, но од МИОА велат дека комплексно е поврзувањето на општините со порталот и оти треба да се размисли како тие услуги да се поврзат со порталот.

Една од големите причини зошто постои порталот е што овозможува и со едно најавување да се пребаруваат услуги од повеќе институции за да не мора физички луѓето некаде да се појават.

Ппроцедурата за користење на порталот за добивање електронска услуга е едноставна

граѓаните кои имаат побарување од институциите поднесуваат одредено барање, по што добиваат нострификација за статусот на услугата и го добиваат документот.

“Поднесувањето на барањето вообичаено е да е пополнето и да нема грешка. Порталот комуницира се централниот регистар на население и други регистри за кои има потреба ова да се направи. Се праќа барањето до институции. Граѓаните воедно имаат можност за плаќање на услугата и ние тоа го овозможивме со елктронски картички. Барањето се испраќа до институцијата и таа го враќа со елктронски потпис и печат од институцијата и истиот документ може да се употреби како прилог во други документи. Порталот има информација за 789 услуги, Ппроцесот на вклучување на нови електронски услуги како и интеграција на сите електронски услуги кои ги даваат институции кон граѓаните е процес з а кој треба и луѓе и време.

Сега за сега порталот ги вклучува најфреквентните институции кои даваат административни услуги кон граѓаните”” вели Роазалинда Стојова.

За Оние гарѓани кои немаат услови да го користат порталот зашто не поседуваат интернет, паметен телефон или компјутер или немаат доволно дигитални знаење итн отворени се физичка места низ градови од Македонија каде граѓаните преку посредниците кои таму се вработени може да пребаруваат услуги од повеќе институции. Такви центри зсега има во Куманаови и Тетово.

“Наместо да се шета од институција до иснтитуциај може да се оди на тие места и да се добијат бараните документи од граѓаните Такви центри има во Куманаови и Тетово и треба да се закаже термин и да се оди на време и да се извадат одредени документи наместо физички да се посетуваат повеќе министерства, фондови, агенции и слични иснтиутуции”

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG