Вести
Вулин: Слободан Милошевиќ заслужува почит од Србија и Србите
Српскиот министер за внатрешни работи и лидер на социјалистичкото движење, Александар Вулин, на 11 март оцени дека поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија (СРЈ) Слободан Милошевиќ „со својот живот и смрт, заслужува почит кон Србија и Србите, но и сите луѓе што ги почитуваат борци за слобода “.
По повод 15-годишнината од смртта на поранешниот претседател на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Вулин оцени дека историјата „ќе му биде многу поправедна на Слободан Милошевиќ отколку што биле неговите современици“.
„Не сите пријатели на Слободан Милошевиќ беа негови пријатели или пријатели на Србија, но сите непријатели на Слободан Милошевиќ беа искрени непријатели на Србија и тоа беше непогрешливо, историјата ќе го потврди тоа“, рече Вулин, како што објавија од Социјалистичкото движење.
За време на режимот на Милошевиќ, Вулин беше портпарол на југословенската левица (ЈУЛ), основана од сопругата на Милошевиќ, Мирјана Марковиќ и дел од владејачката коалиција.
Поранешниот претседател на Србија и СРЈ Слободан Милошевиќ почина на денешен ден 2006 година во притвор на Хашкиот трибунал во Шевенинген, каде беше обвинет за воени злосторства извршени во војните во поранешна СФРЈ. Милошевиќ се повлече од власта на 7 октомври, по големиот протест на граѓаните и Демократската опозиција на Србија (ДОС) на 5 октомври во врска со кражбата на гласови од СПС на Милошевиќ на изборите на 24 септември 2000 година.
Со тоа заврши неговото владеење, кое го воспостави во 1989 година, кога беше избран за претседател на Претседателството на Сојузна Република Србија. Од 1991 до 1997 година беше претседател на Социјалистичка Република Србија, а од 1997 до 2000 година беше претседател на Сојузна Република Југославија. Под негово водство, Србија беше во војна, под санкции, изложена на хиперинфлација и деградација на сите морални и социјални вредности. Тој беше уапсен во Белград на 1 април 2001 година, под обвинение за финансиска измама поврзана со царина. Тој процес не беше спроведен, бидејќи тој беше екстрадиран во Хашкиот трибунал на 28 јуни 2001 година.
Милошевиќ беше обвинет пред Хашкиот трибунал за воени злосторства во Косово, воени злосторства и геноцид во БиХ и воени злосторства во Хрватска, но судењето беше прекинато на 14 март 2006 година. Милошевиќ беше погребан во дворот на семејната куќа во Пожаревац.
види ги сите денешни вести
Трамп ја однесе победата и во Пенсилванија, според проекциите
Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, победи и во трета од вкупно седумте сојузни држави кои се сметаа за клучни за исходот од американските претседателски избори.
Републиканецот победил во Пенсилванија која му носи 19 електроски гласови, според пренесуваат Ројтерс и Асошиејтед прес.
Претходно, Трамп беше проектиран за победник и во Северна Каролина и Џорџија, кои имаат по 16 електори.
Наскоро се очекува тој да се обрати пред своите поддржувачи во Палм Бич, Флорида.
Според американскиот систем, граѓаните не одлучуваат кој ќе стане претседател, туку тоа го прави изборниот колеџ со 538 членови, во кој секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот.
Победник е тој што ќе стигне до 270 електорски гласови.
За останатите четири одлучувачки држави Аризона, Мичиген, Невада и Висконсин, сè уште нема проекции.
Резултатите од останатите сојузни држави се според очекуваното и предвидувањата од анкетите.
Неколкумина уапсени на протестите во Израел, поради смената на министерот Галант
Израелската полиција уапсила неколкумина учесници на синоќешните протести во Ерусалим и Хаифа поради одлуката на израелскиот премир Бенјамин Нетанјаху да го смени министерот за одбрана Јоав Галант.
„Тројца демонстранти се приведени во Ерусалим поради напад на полицијата и пробивање на бариерите во близина на улицата Аза каде демонстрантите се собраа пред резиденцијата на Нетанјаху, се вели во соопштението на полицијата“, пишува израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.
Потврдено е дека автопатот 1 кон главниот град, кој демонстрантите го блокираа со камења, повторно е пуштен за сообраќај.
Полицијата во Хаифа соопшти дека две лица биле уапсени, меѓу кои и еден демонстрант осомничен за намерно подметнување пожар на автопатот.
„Некои од демонстрантите се судрија со полицијата, а во одреден момент почнаа да се движат кон автопатот за да го попречат сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата во Хаифа.
Во Тел Авив полицијата ги засолни демонстрантите додека тие протестираа против одлуката на премиерот на автопатот Ајалон, кој беше блокиран неколку часа.
Нетанјаху вчера (5 ноември) потврди дека Галант е разрешен, и дека него ќе го замени министерот за надворешни работи, Израел Кац.
Иако, според Нетанјаху, постоела „продуктивна соработка“ во првите месеци од војната, „последниве месеци се појавија значителни разлики во стратегијата меѓу него и Галант“.
Премиерот на Израел изјави дека „Галант донел одлуки и давал изјави кои се спротивставуваат на одлуките на владата“.
Камала Харис нема да се обрати во изборната ноќ
Демократската кандидатка и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис, нема да се обрати во изборната ноќ, соопштија од нејзиниот тим.
„Има уште гласови за борење“, рече Седрик Ричмонд, копретседател на нејзиниот изборен штаб пред поддржувачите собрани на Универзитетот Хауард.
За нејзините гласачи тоа беше знак да си заминат дома.
Од друга стана, пак, нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп се очекува да се обрати пред своите поддржувачи во Палм Бич, Флорида.
Тој веќе е на пат кон изборниот штаб каде се собрани неговите поддржувачи, најавиле од неговиот тим.
Трамп е во водство на изборите, а медиумите веќе проектираа дека тој победил и во две (Џорџија и Северна Каролина) од седумте сојузни држави кои се сметаат за клучни за исходот од изборите.
Според американскиот систем, граѓаните не одлучуваат кој ќе стане претседател, туку тоа го прави изборниот колеџ со 538 членови, во кој секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот.
Првиот што ќе стигне до 270 електори ќе биде 47. претседател на САД.
Проекциите на медиумите во моментов говорат дека Трамп има 246 електорски гласови, наспроти Харис со 214.
Доколку 78-годишниот Трамп победи на изборите, ќе биде најстариот претседател според возраста во моментот на инаугурацијата, првиот осуден претседател, а само вториот кој ќе служи два мандати кои не се последователни – еден по друг.
Зеленски: Севернокорејските војници во Русија се дополнителна нестабилност во светот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првите престрелки на украинската армија со севернокорејските војници го отвориле патот за дополнителна нестабилност во светот.
„Првите битки со севернокорејските војници отворија ново поглавје на нестабилност во светот“, рече украинскиот лидер во вечерното обраќање (5 ноември).
Судирот меѓу украинските и севернокорејските сили го потврди и министерот за одбрана Рустем Умеров во интервју за јужнокорејската телевизија.
Украинската разузнавачка агенција претходно објави дека околу 12 000 севернокорејски војници, меѓу кои 500 офицери и тројца генерали, пристигнале во Русија, а обуката се одржува во пет воени бази.
Зеленски го критикуваше недостатокот на одговор на Западот кон Русија, откако таа ги вклучи севернокорејските трупи во војната.
Во четвртокот, тој истакна дека слабиот одговор од меѓународната заедница може да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да го зголеми тоа воено присуство.
Зеленски почна да предупредува за присуството на севернокорејски војници во Русија на 13 октомври. Западните сојузници тоа го нарекоа голема ескалација, но не одговорија со мерки, ниту најавија дека ќе го сторат тоа.
-Првите илјадници војници од Северна Кореја се во близина на украинската граница. Украинците ќе бидат принудени да се бранат од нив, рече Зеленски за време на викендот. „И светот само ќе гледа повторно“, додаде тој.
Тој посочи дека Украина има точни податоци за сите локации на кои се распоредени севернокорејски војници во Русија. Но, како што наведе, „западните сојузници не и дадоа на Украина оружје со долг дострел потребно за напад на тие цели“.
Проекции: Трамп победи и во Џорџија
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи и во сојузната држава Џорџија, пренесува Ројтерс според проекциите на „Едисон Рисрч“.
Џорџија е една од седумте држави кои се сметаат за одлучувачки за исходот во изборите, а во кои и Трамп и неговата ривалка, демократската кандидатка Камала Харис, имаа реална шанса за победа, според анкетите.
На изборите во 2020 година, демократот Џо Бајден победи во Џорџија која важи за сигурна републиканска држава освојувајќи предност пред Трамп со помалку до 12.000 гласа.
Оваа победа беше прва за демократски претседателски кандидат во Џорџија по речиси три децении.
Претходно, според медиумските проекции, Трамп ја однесе победата и во Северна Каролина, уште една од седумте одлучувачки држави.
Џорџија и Северна Каролина носат по 16 електроски гласови.
Според американскиот систем, граѓаните не одлучуваат кој ќе стане претседател, туку тоа го прави изборниот колеџ со 538 членови, во кој секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот.
За останатите пет одлучувачки држави Аризона, Мичиген, Невада, Пенсилванија и Висконсин, проекции се очекуваат наскоро.
Трамп засега е во водство
Поранешниот претседател Доналд Трамп, републикански предизвикувач, и натаму има предност на претседателските избори во САД, со победи во повеќето традиционално републикански држави, вклучително и Северна Каролина, првата држава „бојно поле“ , стеснувајќи го патот до победата на демократите и нивниот кандидат, потпретседател Камала Харис.
Според неофицијалните проекции на американските медиуми, Трамп води пред Харис со 230 гласови од Изборниот колеџ наспроти 205 на Харис. 270 гласови од изборниот колеџ се потребни за да стане Трамп 47-ми претседател на земјата.
Малку по 20 часот, според локално време, најголемата држава - Калифорнија, со 54 електорски гласови, според проекциите, се изјаснила за Харис, како што се очекуваше, како и државата Вашингтон.
Но, клучните држави од битката - Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Пенсилванија и Висконсин - сеуште се неизвесни.
Републиканците ја освоија контролата над Сенатот
Со победите во Западна Вирџинија и Охајо, републиканската партија ја освои контролата над американскиот Сенат, јавува Ројтерс.
Покрај на претседателски, дел од гласачите ширум САД гласаат и за избор на нови членови на Конгресот, за гувернери, за составите на локалните парламенти и совети, а во некои сојузни држави се одржуваат и референдуми за одредени прашања, како што е правото на абортус.
Победата во трката за Сенатот значи дека републиканците ќе контролираат барем еден дом од американскиот Конгрес во наредниот период.
За Претставничкиот дом, кој во моментов исто така е под контрола на републиканците, пак, сè уште нема јасна слика која партија е во предност.
Доколку Доналд Трамп победи на изборите, контролата врз Сенатот значи дека тој ќе може да обезбеди поддршка за важни прашања, како што е назначувањето на конзервативни судии и други функционери во идната администрација на САД.
Доколку победи демократската кандидатка Камала Харис, пак, Сенатот кој ќе биде со републиканско мнозинство ќе може да блокира голем дел од нејзината агенда.
Трамп победил во Северна Каролина, според проекции
Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, победи во Северна Каролина, според проекциите на новинските агенции Ројтерс и Асошиејтед прес.
Северна Каролина е првата од седумте сојузни држави кои се сметаат за одлучувачки за исходот од претседателските избори во САД.
Таа носи 16 електроски гласови.
Трамп ја однесе победата во Северна Каролина и на изборите во 2016, кога ја победи Хилари Клинтон, но и во 2020 кога изгуби од Џо Бајден.
Од 1992 година, демократите успеале да победат во оваа сојузна држава само во 2008 година кога победи Барак Обама.
Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона, Невада и Џорџија се останатите шест држави кои се сметаат за „одлучувачки“, но резултати оттаму сè уште се очекуваат.
Гласачките места во „одлучувачките држави“ се затворени, пристигаат првични проекции
Гласачките места во седумте „одлучувачки држави“ во САД, кои се очекува да го одредат и победникот на изборите, се затворени и се очекуваат резултатите.
Како клучни седум држави се сметаат Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона, Невада, Џорџија и Северна Каролина.
Победникот во ниту една од нив сè уште не е прогласен, но за дел веќе има првични проекции.
Како што пренесува Ројтерс, повикувајќи се на проекциите од „Едисон рисрч“, на обработени 85,4% од гласовите во Северна Каролина, Трамп има 50,8% освоени гласови, а Харис 48,4%.
Во Висконсин, на 60% обработени, разликата е потесна. Трамп има 49,9%, а Харис 48,4%.
Првични проекции, новинската агенција пренесува и за Мичиген каде на 30% обработените гласови, Харис е во предност со 51,1% освоени гласови наспроти Трамп со 47,1%.
Во Пенсилванија, со 70,6% обработени, Трамп е во водство со 51%, додека Харис има 48% освоени гласови.
Во останатите сојузни држави, според проекциите на медиумите, резултатите се според очекуваното.
Според американскиот систем, граѓаните не одлучуваат кој ќе стане претседател, туку тоа го прави изборниот колеџ со 538 членови, во кој секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот.
Кој кандидат ќе победи во една сојузна држава, ги добива сите електорски гласови во неа.
Првиот што ќе стигне до 270 ќе биде идниот претседател на САД.
Во моментов, како што пренесува Ројтерс, Харис има обезбедено 165, а Трамп 211 електори.
Меџити: Нови 50 милиони евра за општините од Европската инвестициска банка
Нови 50 милиони евра кредит од Европската инвестициска банка кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.
Тој рече дека во петок, на 8 ноември, сите 80 градоначалници се поканети на средба со премиерот на која ќе бидат информирани за средствата.
Меџити рече дека станува збор за пари добиени во времето на претходната власт, но досега не се реализирани, а се наменети за еколошки проекти, за хортикултурно разубавување на општините и за подземна инфраструктура - канализации, водоводи...
„Кредитот од Европката инвестициска банка е порано добиен, но откако дојдовме имаше нула реализација. Парите се веќе добиени, плаќаме и камата, но не се искористени“, рече Меџити во телевизиско гостување.
Со општините кои поминаа на огласот за доделување на државна помош за капитални инвестиции од парите од унгарскиот кредит беа потпишани 274 проекти за вкупно 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете