Достапни линкови

Трендафилов - Со пресуди за перење пари криминалот ќе стане неисплатлив


Трендафилов - Предметите за „перење пари“ нема да седат во фиока
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:48 0:00

Трендафилов - Предметите за „перење пари“ нема да седат во фиока

Криминалот ќе биде исплатлива активност ако не им го конфискуваме имотот со кој се стекнале криминалците. Се надевам дека овој период ќе имаме повеќе предмети кои се поврзани со перење пари и ќе имаме поголеми конфискации, вели директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов.

Случајот Империја го презема државното обвинителство. За перење на над 10 милиони евра меѓу осомничените се бизнисменот Орце Камчев и пораншениот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Вештачењето за случајот според обвинителството не е се уште завршено. Дали бевте дел од истрагата и дали има нови моменти и заради тоа за случајот се уште нема обвинение?

Делата за перење пари и за финансирање тероризам се многу тешки за докажување, бидејќи тоа се дела каде што мора да приберете каде поминале некакви средства, зад тие дела секогаш стои пишана документација која поминала низ легалните текови на финансиските системи на повеќе држави. Ние како Управа за финансиско разузнавање, нашите активности се секогаш во корелација со предистражната постапка, за конкретни предмети не известуваме.

Во Обвинителство и во Министерство за внатрешни работи и во Финансиска полиција има созреано доста предмети поврзани со перење пари и финансирање тероризам и сметам дека во наредниот период обвинителите имаат цврсти докази за да може да ги убедат судиите да почнат и со пресуди за перење пари. Без пресудите за перење пари не можеме да го направиме криминалот неисплатлива активност. Ако не им го конфискуваме имотот со кој се стекнале криминалците на нив криминалот се уште ќе им биде исплатлива активност. Во таа насока реков дека се надевам дека овој период ќе имаме повеќе предмети кои се поврзани со перење пари и ќе имаме поголеми конфискации.

За случајот со Еуростандард банка говоревте во Собранието. Тогаш изјавивте дека уште во 2017 година биле констатирани сомнителни финансиски активности на Еуростандард банка спротивни на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Кои се вашите сознанија за случајот. Се отворале ли сметки на офшор компании, како што тврдат оштетените штедачи?

Јас ја спомнав Еуростандард банка, веројатно тие влегоа во една игра уште тогаш, дали бараа спас за банката на тој начин, како што го направија, значи имаше отварање на високо ризични клиенти и по тие предмети Управата има постапено и има доставено извештаи до надлежните органи и тие постапуваат.

Високо ризични клиенти од земјава или од странство?

Високоризични клиенти до странство.

За колку пари станува збор?

Средствата внатре се прилично големи, над стотина милиони евра има трансфери и тоа за многу краток период.

Значи треба да одговараат и странски лица, бидејќи имаме кривични пријави само за лица од земјава?

Останатите предмети се и за лица од странство да, и Македонци и странски лица.

Функционира ли се уште владиниот оперативен тим за борба против корупција формиран во 2019?

Тој тим функционира и со сегашната можност, со вицепремиерот Николовски што како министерство ја имаат, ние функционираме одлично во моментот, со нивна помош се обидуваме да ја ставиме интероперабилноста, таа е поврзаноста меѓу сите субјекти за електронска размена на податоците да не чекаме долг период на размена на податоци и да не ги користиме се уште старите методи со пишана хартија, тоа им е приоритет во моментот.

И од страна на Управата за финансиско разунавање се направени нашите предмети, ние со донација направивме и развивме наш „траг рекродс“ електронски систем кој ќе ги следи нашите предмети од Управа до пресуда. Тој систем е ставен во функција од септември и понатаму треба полека да се пополнува и со тоа ќе ги исполниме скоро 15-годишните препораки дека проблемите на државата се статистиките. Никој не води адекватна статистика, не ги знаеме до каде ни се предметите. Со овој систем наши предмети не смеат да останат во фиока, значи обврската на секој истражен орган ќе биде на секои три месеци да заведува до каде е предметот и кога ќе го препрати некаде ние го знаеме движењето до пресуда. Со тој систем сметаме дека ќе ги исполните и меѓународните забелешки во делот на статистиката, во делот на перење пари и рековме на тој начин ќе избегнеме предмети во фиока.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG