Достапни линкови

„Тивка револуција“ на младите тетовчани


Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово

Со веќе 10 активистички акции, група млади се стремат да го разубават Тетово.

Од мерки за заштита од коронавирусот до мурали за разубавување на градот, околу 10 млади тетовчани спроведуваат акции со цел да го придонесат кон својата заедница и да ја подигнат јавната свест за секојдневните проблеми во градот.

„Идејата и целта на овие акции е да ја подигнеме свеста кај граѓаните и кај надлежните органи за решавање на овие проблематики. Освен ова, целта ни е да придонесуваме за нашата заедница и разубавување на градот преку различни креативни акции“, велат од „Тивка револуција“.

Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово

РСЕ: Последната акција ви е мурал според замислата на младите за Тетово. Муралот е според спроведена анкета. Која беше најчестата желба на младите за Тетово?

„Тивка Револуција“: Желбите на младите за Тетово беа различни. Но, како најчеста желба на младите за Тетово беше повеќе можности за локален транспорт и желба Тетово во иднина повеќе да личи на другите европски градови, со развиена аркитектура и урбанизам и со повеќе можности за самите млади.

Мурал од желби на млади - Креативна акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Мурал од желби на млади - Креативна акција на „Тивка револуција“ во Тетово

РСЕ: Колку акции до сега имате спроведено, на што биле посветени и колкумина работите на нив?

„Тивка Револуција“: До сега беа спроведени 10 акции. Акциите беа посветени на различни теми. Дел од нив беа посветени на подигнување на јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово

Голем дел од другите акции беа посветени на различните проблематики во Тетово, како недостаток на паркинг места, недостаток на јавен транспорт, недостаток на соодветна инфраструктура за лицата со посебни потреби и слично. Исто така, посебен фокус имаа и акциите за разубавување на градот преку муралите. Во спроведувањето на акциите работиме околу 10 млади лица.

РСЕ: Каков повратен одговор и реакција добивате од граѓаните?

„Тивка Револуција“: Во главно, од граѓаните добивме позитивна реакција за нашите акции. Бидејќи и тие се соочуваат и се среќаваат секој ден со овие проблематики, нивниот повратен одговор е позитивен. Имаше случаи кога и граѓаните предлагаа иницијативи за различни проблематики.

РСЕ: Од друга страна, дали има реакција од властите по вашите акции?

„Тивка Револуција“: Да по нашите акции имаше реакција од локалната власт. По имплементација на активноста „За прв пат во светот, автобус дух!”, се забрза процедурата за избор на компанија кое ќе го снабдува со автобуси градот Тетово. Во декември 2020 година се донесе одлука за понудувач и веќе се нарачани автобуси (информација од прес-конференција на одговорните лица во Општина Тетово).

Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Активистичка акција на „Тивка револуција“ во Тетово

По реализација на активноста “Волшебен тепих“ за физички пристап до институциите во Тетово, централната управа на Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, стапила акција за формирање на група за собирање на средства за поправка на лифтот во Трговскиот Центар (канцелариите на Катастар се на вториот спрат на овој трговски), кој не работи повеќе од 15 години.

РСЕ: Кои, според вас, се најприоритетните промени во Тетово на кои треба да се посвети внимание?

„Тивка Револуција“: Најприоритетни промени во Тетово на кои треба да се посвети внимание се обезбедување на соодветна инфрастуктура за лицата со посебни потреби, решение за проблемот со недостатокот на паркинг места и недостатокот на велосипедска патека.

РСЕ: Како активисти во Тетово, што би издвоиле што е позитивно и треба да се негува?

„Тивка Револуција“: Додека ги имплементиравме нашите акции, заклучивме дека кај голем број на млади има желба за промена или подобро да кажеме има активистички дух за позитивни промени во заедницата. Мислиме дека треба да се негува ова и да им дадеме поддршка на сите активисти кои се трудаат да направат нешто за општото добро.

РСЕ: Што сметате дека е клучно за добра активистичка акција?

„Тивка Револуција“: За добра активистичка акција клучно е сооработката помеѓу членовите и желбата за промена. Сметаме дека добра активистичка акција произлегува кога се дискутираат различни идеии од различни лица и се почитува мислењето на секој член. Од друга страна, без желбата за промена на одредена проблематика или подигнување на свеста кај широката јавност, не можеме да стигнеме до една добра активистичка акција.

Мурал на основното училиште "Лирија" - Тетово, креативна акција на „Тивка револуција“ во Тетово
Мурал на основното училиште "Лирија" - Тетово, креативна акција на „Тивка револуција“ во Тетово

XS
SM
MD
LG