Господине Петковски колку фирмите навистина ги почитуваа мерките за заштита на здравјето на работниците за време на пандемијата на кроонавирусот?
Првите мерки кои треба да се применуваат се мерките кои обезбедуваат отстранување на штетноста. Втората мерка е инжињерската каде што би требало системот на вентилација и климатизација, како и системот на пристапување до самите работни места, физичко оградување на истите, осмислување на системи каде што би требало да биде соодветна стерилизација на воздушната маса и итн. Понатаму би дошле во ситуација да ја подигнеме свеста кај вработените, да ги обучиме, да ги запознаеме како да постапуваат за лично да се заштитат и како да ги заштитат тие до себе. Последната мерка би била користете заштитни маски и опрема, заради тоа што личната заштитната опрема ја користиме кога не можеме овие претходни мерки да ги имплементираме.
Во изминатиов период дури ние направивме еден исчекор, каде што понудивме една нова методологија за проценка на ризик на работното место, вклучувајќи ја ковид-19 штетноста притоа воведувајќи еден новитет за пресметување, односно ковид калкулатор за да се види дали секој работник може да продолжи да работи на соодветното работно место. Иако ова беше презентирано и јавно обајвено и јавно достапно, интересот кај државните органи не е на тоа ниво на кое очекувавме.
Зошто државните органи немаат слух за користење на ковид калкулаторот?
Доколку не доаѓа од познати извори, од блиски извори на тие кои се на позиции се сведува на тоа дека е уште една работа која не е достојна за внимание. Ние од друга страна не се откажуваме и го правиме мобилниот, електронски калкулатор кој ќе биде објавен на нашата веб страна и секој ќе може самостојно да си пресмета и да види во кој ранг припаѓа и да му предочи самиот на работодавецот дали е погодно или не е да биде во првите борбени редови. Зборувам на пример за шалтерските работници за оние кои имаат бројни комуникации со голем број на луѓе кои не ги познаваат, а од друга страна ги земаме в предвид и претходните заболување и сето тоа ни дава одредени индикатори дали треба да останат или да бидат повлечени во позадина.
Колку самите вработени бараат заштитни мерки од нивните работодавачи за време на пандемијата?
Навистина бараат, ама го бараат она што всушност го слушаат, односно оние минимални мерки кои се препорачуваат. Но, постои еден друг проблем дека премногу лесно, барем она што имав можност да посведочам во одредени фабрики е дека премногу лесно и брзо се опуштаат луѓето од ситуацијата каде што е возможно или има можност да заболат или го прошират вирусот. Се наоѓаме во ситуација кога голем број од нив ги носат маските кога ќе дојде претпоставениот или соодветниот кој треба да го контролира тоа, но, за време на паузите кога се групираат ги тргаат. Станува збор за култура и за нашиот пристап кон работите и нашето поимање на одредени штетности, вклучувајќи ја и оваа биолошката дали всушност се непосредна опасност или не.