Теории на заговор околу вакцината за КОВИД-19
Како што некои земји започнаа да ги пуштаат во употреба вакцините против ковид 19, здравствените власти се загрижени дека неоснованите теории на заговор и анти-ваксерските кампањи на интернет можат да ги поткопаат напорите за вакцинација на популацијата против коронавирусот. Неодамнешното истражување на Ројтерс / Ипос на почетокот на декември покажа дека околу една третина од американските мажи не се подготвени да примат вакцина против ковид-19, а социјалните медиуми пак ги здружија силите за справување со штетните митови за вакцините.