Кој е Ентони Блинкен – идниот државен секретар на САД?
Избраниот американски претседател Џо Бајден го назначи Ентони Блинкен за иден државен секретар. Доколку Сенатот го потврди овој дипломат од кариера, кој веќе работел во две претседателски администрации, се очекува тој да работи на зајакнување на сојузништвото и повторно влегување на САД во меѓународните договори.