Достапни линкови

„Мамутска операција“ на УНИЦЕФ за испорака на вакцини за ковид-19


илустрација
илустрација

Агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ соопшти дека планира да испорача 2 милијарди вакцини за ковид-19 и милијарда шприцеви следната година во „мамутска операција“ која опфаќа 92 земји во развој.

УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач на вакцини во светот, вообичаено набавува повеќе од 2 милијарди дози вакцини годишно за рутинска имунизација и одговор на епидемијата во скоро 100 земји.

„Оваа невидена операција вклучува координација на илјадници пратки со различни побарувања што го прави УНИЦЕФ експерт за управување со снабдување на производи со контролираната ниска температура, што е особено потребно за време на овој историски потфат“, соопшти Агенцијата.

Вакцина на повидок, но проблем ќе биде дистрибуцијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

За да се подготви за предизвиците при доставување на вакцини за ковид-19, УНИЦЕФ соопшти дека работи со стотици воздушни, товарни, шпедитерски и глобални партнери за логистика за она што се очекува да биде „најголемата и најбрзата ваква операција досега“.

„Оваа непроценлива соработка ќе придонесе за да се осигура дека има доволно транспортни капацитети за оваа историска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.

Обезбедени се средства во буџетот за вакцини и лекови против ковид-19

УНИЦЕФ соопшти дека работи како дел од КОВАКС, глобален план за распределба на вакцините за ковид-19 на Светската здравствена организација. КОВАКС има за цел да ги обесхрабри владите да не прават резерви на вакцини и да се фокусираат најпрвин врз вакцинирање на најзагрозените во секоја земја.

За време на викендот, лидерите на најголемите светски економии ветија дека „нема да штедат средства“ за да обезбедат правична дистрибуција и достапност на вакцините за ковид-19 „за сите луѓе“ и да ги поддржат земјите со ранливи економии погодени од пандемијата.

Заложбата за „достапен и правичен пристап за сите луѓе“ до вакцините што се појавуваат дојде на затворањето на дводневниот виртуелен самит на лидерите на Г-20 со кој раководеше богатото со нафта кралство Саудиска Арабија.

„Мобилизиравме ресурси за да одговориме на потребите за непосредно финансирање во глобалното здравство за поддршка на истражувањето, развојот, производството и дистрибуцијата на безбедна и ефикасна дијагностика, терапевтика и вакцини за ковид-19“, стои во завршното соопштение.

Групата во меѓувреме предупреди на продлабочување на поделбите меѓу богатите и сиромашните во услови на пандемија на коронавирус, што досега зарази повеќе од 58 милиони луѓе и од кој починаа речиси 1,4 милиони ширум светот.

Ако со вакцината се почне во јануари, резултати видливи налето

„Пандемијата ковид-19 и нејзиното невидено влијание во однос на загубените животи, егзистенцијата и погодените економии е неспоредлив шок што откри недостатоци во нашата подготвеност за заеднички предизвици“, се вели во соопштението на Г20.

Земјите од Г20 ќе работат на „заштита на животите, обезбедување поддршка со посебен фокус на најранливите и враќање на економиите на патот на растот и создавање работни места за сите“.

Но, оптимистичката заложба од лидерите на Г20 бргу беше проследена со предупредувања дека богатите земји ги собираат сите зделки за вакцини, додека некои земји не можат да си го дозволат тоа поради немањето финансиски средства.

Германската канцеларка Ангела Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави по самитот на Г20 дека е загрижена оти нема договорено поголеми зделки за вакцини со посиромашните земји, додека богатите држави веќе имаат потпишано зделки за стотици милиони дози.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пак рече: „Мило ми е што лидерите на Г20 се согласија да ги направат вакцините за ковид-19 достапни за сите. Но, потребно е поголемо финансирање“.

Фон дер Лајен – Се надевам дека ангажманот на САД со новиот претседател ќе се промени

Ветувањата за Г20 се појавија во момент кога американските власти се надеваат дека ќе започнат со програма за обемно вакцинирање за еден или два дена по можното регулаторно одобрување, односно во почетокот на декември.

Во Европа веќе е навестено дека вакцината на Фајзер - заеднички напор со германскиот БиоНТех - може да биде одобрена до крајот на годината од Европската агенција за лекови.

Вакцините на Фајзер и Модерна користат таканаречена мРНА технологија која никогаш не била применета во вакцина за општа употреба.

Неколку други фармацевтски компании се исто така во напредна фаза на развој на вакцина, вклучувајќи ги и Џонсон и Џонсон, АстраЗенека и Санофи-ГСК.

Русија и Кина веќе ставија на располагање некои вакцини, но има сомнежи во врска со нивната безбедност и ефикасност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG