Достапни линкови

Џо Бајден и Доналд Трамп
Џо Бајден и Доналд Трамп

Трамп или Бајден - претседателски избори во САД

Американските граѓани избираа помеѓу сегашниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.

  • Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка.
  • Бајден во говорот на 4 ноември рече дека чувствува оти е „на добар пат“ за да победи на изборите и повика на трпеливост од гласачите.
  • Претседателот Доналд Трамп пак, ги обвини демократите дека се обидуваат да ги „украдат“ изборите и дека сепак очекува „голема победа“.
  • Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.
01:14 4.11.2020

Трамп на Твитер: Навистина добро стоиме во целата држава

Набргу по затворањето на првите избирачки места во сојузните држави Индијана и Кентаки, кои традиционално се „републикански“, американскиот претседател Донал Трамп на Твитер напиша: „Добри сме во целата држава“.

„Ви благодарам“, додаде Трамп.

01:49 4.11.2020

Први победи: Бајден во Вермонт и Вирџинија, Трамп во Кентаки и Западна Вирџинија

Во американските сојузни држави - Џорџија, Вермонт, Северна Каролина, Флорида, Кентаки, Вирџинија и Западна Вирџинија - заврши гласањето и гласачките места се затворени, а според проекциите на новнската агенција Асошиејтед прес, демократскиот кандидат Џо Бајден победил во Вермонт и Вирџинија, а републиканецот и актуелен претседател, Доналд Трамп, во Кентаки и во Западна Вирџинија. Проекцијата на новинската агенција Ројтерс, пак, вели дека Трамп ќе победи и во сојузната држава Индијана.

02:57 4.11.2020

Пандемијата и економијата се топ темите за американските гласачи

Гласачите на американските избори ги рангираа пандемијата со ковид-19 и економијата како најголеми проблеми во трката меѓу претседателот Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден, покажува националното истражување на електоратот направено од АП. Далеку зад овие теми се прашањата за расизам, имиграција, климатски промени...

03:41 4.11.2020

Бајден во блага предност

Претседателот Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден ги поделија првите држави што беа проектирани на претседателските избори во САД. Гласањето во некои држави на источниот брег заврши, но во другите делови од земјата се уште има долги редици гласачи.

Според прелиминарните резултати на АП и Ројтерс, Трамп освоил 60 електорски гласови, а Бајден 71, со што е во блага предност. Според Ројтерс, трката е тесна во Флорида, која носи 29 електорски гласови и која значително може да влијае на конечниот резултат.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG