Белата куќа не е единствената цел: има избори и за двата дома на Конгресот
Американските гласачи не гласаат само за следниот претседател на САД. Тие исто така гласаат за тоа кој ќе ги контролира Сенатот и Претставничкиот дом.
Кандидатката која ја прифаќа теоријата на заговор на крајната десница влегува во Конгресот
Републиканска кандидатка која изразува расистички ставови и ја прифаќа екстремно десничарската теорија на заговор, освои место во Претставничкиот дом на САД во државата Џорџија. Марџори Тејлор Грин, која изрази поддршка за тврдењето дека предавниците на „длабоката држава“ подготвуваат заговор против претседателот Доналд Трамп, во кампањата ја поддржа претседателот, кој ја нарече „идна ѕвезда на републиканците“.
Раперот Канје Вест гласаше за себе на изборите за претседател на САД
„Денес гласам за прв пат во животот за претседател на Соединетите држави и тоа за некој во кој навистина верувам ... мене“, напиша Вест на Твитер.