Достапни линкови

Џо Бајден и Доналд Трамп
Џо Бајден и Доналд Трамп

Трамп или Бајден - претседателски избори во САД

Американските граѓани избираа помеѓу сегашниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.

  • Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка.
  • Бајден во говорот на 4 ноември рече дека чувствува оти е „на добар пат“ за да победи на изборите и повика на трпеливост од гласачите.
  • Претседателот Доналд Трамп пак, ги обвини демократите дека се обидуваат да ги „украдат“ изборите и дека сепак очекува „голема победа“.
  • Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.
23:23 3.11.2020

Трамп - ова се избори и никогаш не се знае

Трамп, Арлингтон, Вирџинија
Трамп, Арлингтон, Вирџинија

23:43 3.11.2020

Кој е Џо Бајден - Од дипломец по право до ривал на Трамп

Џо Бајден беше сенатор повеќе од 30 години и потпретседател на Барак Обама. Сега, како демократкси кандидат, сака да го победи Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. Кој е Џо Бајден - од студиите по право до американските избори.​

Кој е Џо Бајден - Од дипломец по право до ривал на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:24 0:00

23:58 3.11.2020

Следете ги во живо резултатите од гласањето во САД

01:04 4.11.2020

Индијана и Кентаки први почнаа со затворање на избирачките места

Индијана, родната држава на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и на републиканскиот кандидат за потпретседателското место, Мајк Пенсе, е првата американска сојузна држава во САД почна со затворање на гласачки места, откако гласањето беше завршено во некои од нејзините окрузи.

Сојузната држава Индијана има 11 електорски гласови, а Кентаки осум. На изборната вечер, како и обично, фокусот ќе биде врз десетина од 50-те сојузни држави во САД, во кои резултатот е неизвесен.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG