Достапни линкови

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за гранатирање цивилни цели


Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за гранатирање цивилни цели
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:03 0:00

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинија за гранатирање цивилни цели на 28 октомври и кршење на примирје постигнато со посредство на САД. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека биле погодени неколку згради во главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт. Азербејџан го нарече обвинението „намерно ширење дезинформации“. Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека 21 цивил биле убиени и 70 повредени во ракетни напади врз градот Барда. Ереван негираше дека ги извршил нападите, нарекувајќи го извештајот „неоснован и лажен“. Дипломатските напори да се стави крај на борбите меѓу Ерменија и Азербејџан околу отцепениот регион Нагорно Карабах се интензивираа откако секоја страна ја обвини другата за падот на третиот обид за прекин на огнот.

Категории

XS
SM
MD
LG