Достапни линкови

„Ритам на мирот“ за поголема самодоверба кај ученици


Потпишување меморандум за соработка на проект „Ритам на мирот“ меѓу ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и Американска амбасада
Потпишување меморандум за соработка на проект „Ритам на мирот“ меѓу ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и Американска амбасада

Преку различни танцови активности, учениците од сите возрасти ќе имаат можност да учат когнитивни и социјално емоционални вештини.

Проектот „Ритам на мирот“, поддржан од Амбадасата на Соединетите Американски Држави ќе се реализира во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода.

„Во следните 12 седмици, училиштето и амбасадата ќе реализираат проект кој има за цел кај учениците од сите возрасти, преку повеќе активности да ги развие когнитивните и социјално емоционалните вештини. Проектот на децата ќе им помогне да научат подобро да зборуваат англиски јазик, преку три разлилични активности на танц, комбинација на модерен, поп и балет, да научат да танцуваат, да научат да работат тимски и да се стекнат со поголема самодоверба“, информираа од општина Кисела Вода.

Покрај тоа, децата ќе имаат можност да присуствуваат на курсеви по претприемништво и комуникациски вештини. Според најавата за проектот, по обуките „децата ќе знаат како да носат позитивни одлуки во нивните животи, а и како да влијаат на заедницата“.

Обуките и часовите по модерни танци ќе ги држат професионалци, мешани тимови од САД и Северна Македонија. Проектот го имплементира MindLeaps од САД, а отворен е за сите заинтересирани средни и основни училишта во државата. Учениците ќе може да се пријават на електронската адреса: : davis@mindleaps.org.

XS
SM
MD
LG