Со рециклирана пластика до еластичен скејтборд
Дизајнер на скејтборди од Велика Британија најде начин да изработува скејтборди од рециклирана пластика. Идејата ја добил додека бил студент, а првично пробувал со рецклирани пластични кеси. Но, кесите не создавале добар скејтборд, па се обидел со други пластики. Така, сега создава скејтборди од 1200 пластични капачиња, или 140 пластични шишиња, или 4500 пластични цевки.