Со еден месец задоцнување поради пандемијата на коронавирусот започна новата учебна година. Првачињата наместо во училница се запознаа во школскиот двор. Нивните соученици од второ и трето одделение, исто така, посетуваат настава со физичко присуство. Останатите ќе учат онлајн.