Електрични тротинети „беснеат“ низ улиците на Рим
Римските ридови се стрмни за велосипедисти, па така во потрага по еколошки транспорт илјадници електрични тротинети може да се сретнат низ улиците во Рим. Според законот не може да се користат на тротоари, не може да возат побрзо од 25 километри на час на улица и не повеќе од 6 километри на час на големи пешачки острови. Забранети се на велосипедските ленти, а не може да ги возат помлади од 14 години. Но, возачите ретко ги почитуваат правилата, па така некои возеле и на обиколницата со електричен тротинет. Полицијата во јули изрекла казни на над 150 возачи, но жителите сметаат дека тоа не е доволно.