Одѕивот до 19 часот скоро 46 отсто
Одзивот на гласачите на предвремените парламентарни избори до 19 часот е 45,77 отсто, односно гласале 830.370 гласачи, соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани. Најголема излезност до 19 часот има во четвртата изборна единица, каде што гласале 53,24 отсто од регистрираните гласачи. Во третата на гласање излегле 51,52 отсто од гласачите, во првата гласале 47,4 отсто, во петтата 44,89 отсто, во втората 43,4 отсто и најмала излезност има во шестата изборна единица од 35,49 отсто. Ова се податоци од обработени 3463 од вкупно 3480 гласачки места.
Во неколку општини има излезност над 60 отсто, а во Центар Жупа под 20 отсто.
Мониторинг на МОСТ: Фотографирано гласачко ливче
Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија.
Само Тетово и Јегуновце со над 40 отсто одзив во тетовско
Гласањето заврши - излезноста скоро 51 отсто на 15 минути пред затворање на гласачките места
Одѕивот на денешните предвремени парламентарни избори, на петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места, бил 50,86 отсто, односно на гласање излегле 922.678 гласачи, соопшти вечерва претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ова се податоци од обработени 3466 од 3480 гласачки места.
Поради пандемијата на коронавирус, гласањето беше продолжено до 21 часот, наместо како вообичаено до 19 часот.