МОСТ: гласањето без неправилности, одзивот меѓу 20 и 34 насто
Податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, велат дека одзивот на гласачите до 14 часот се движи од 20,72 насто во 6-тата изборна единица, до 33,74 проценти во изборната единица број 3.
Во Битола нема „бугарски воз“, децидни во ОИК
Од Општинската изборна комисија во Битола се децидни дека во градот нема гласање наречено бугарски воз, по веста што беше објавена на некои медиуми.
целата вест тука:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/30727879.html
МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите
Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11 до 12 часот биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Пријавите најчесто се за агитација, делење пари за гласање и за организирано носење луѓе на гласање. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат.
Во тетовско најслаб одзив има во Желино
Најниска евиденција на граѓаните кои го оствариле правото на глас во тетовско се бележи во Општина Желино, каде што има 23.926 лица на избирачкиот список. До 15 часот таму гласале 17,58 насто од граѓаните. На претседателските избори во 2019 година излезноста во 15 часот исто така била најмала во општина Желино, каде што тогаш гласале само 10,06 проценти од граѓаните во избирачкиот список.