ДИК: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места.
СДСМ проласи победа - ВМРО-ДПМНЕ сака да прави влада
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е во благо водство пред коалицијата предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, соопшти ДИК. СДСМ вели дека победуваат со најмалку три пратеници разлика. Од ВМРО-ДПМНЕ велат тие се во трка за состав на нова влада.
Заев – Водиме со најмалку 3 пратеници разлика
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва рече дека неговата коалиција на изборите освоила најмалку 3 пратеници повеќе од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но дека таа разлика може да се зголеми на 4 или 5 разлика по конечното пребројување на гласовите.
„Имавме мирни, достоинствени, слободни, демократски и безбедни избори“, рече вечерва Заев на прес-конференција во Хотелот Белви, каде што е сместен изборниот штаб на СДСМ.