На 14 јуни, новата црква на руските вооружени сили беше осветена. Храмот и соседниот музеј се изградени во Патриотскиот парк, воено-тематски комплекс 60 километри од Москва, за одбележување на 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Изградбата на црквата е обвиена во контроверзии, од отстранетиот мозаик на кој е прикажан рускиот претседател Владимир Путин до прашања во врска со финансирањето. Првично, церемонијата на осветување требаше да се одржи на 9 мај, Денот на победата во Русија, но истата беше презакажана поради тековната пандемија на ковид-19.
Осветување на контроверзната руска воена црква

9
Висината на камбанаријата на црквата - 75 метри - ја одбележува 75-годишнината од поразот на нацистичка Германија од Советскиот Сојуз.

10
Командантот на копнените сили на Русија, армискиот генерал Олег Салиуков (лево) и заменик министерот за одбрана Татјана Шевцова присуствуваат на церемонијата.

11
Хор пее на церемонијата.

12