Рестораните, училиштата и авионите повторно почнуваат да се полнат со луѓе. Но, колку што сите сакаат состојбата да се врати од пред ограничувањата секојдневниот живот сега изгледа различно.
„Новата нормалност“ во ерата на ковид-19
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.

9
Поздравување на учениците додека пристигнуваат во средното училиште Кијунбок во Сеул на 20 мај 2020 година.

10
Ентузијасти во теретаните одржуваат растојание едни од други во CrossFit Arena Bangkok, за време на нивната прва недела од повторното отворање на овие центри.

11
Полициски службеник гледа на QR-кодот на паметен телефон на патник за време на проверка на лична карта на станицата „Планернаја“ во московското метро на 15 април во Москва, Русија. Според системот за дигитални дозволи, воведен од московската влада, кој стана задолжителен од 15 април, луѓето треба да аплицираат за дозволи за патување со јавен превоз или возило низ градот.

12
Луѓе стојат на одбележани места на станица во Ница, Франција.