Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести и советник на претседателот Доналд Трамп е загрижен.
„Според мене, неизбежно е да имаме враќање на вирусот ... како ќе се справиме со него кога тоа ќе се случи ќе ја одреди нашата судбина“, изјави тој неодамна.
Секако, ова покренува куп прашања: Зошто вирусот може да се врати уште посилен и кога може да се случи тоа?
Прво: Што точно значи „втор бран“?
„Вториот бран се однесува на повторна појава на случаи на ковид-19 кај населението“, вели Роберт Амлер, декан на Школата за здравствени науки и практики на Медицинскиот колеџ во Њујорк.
Ќе го стопи ли коронавирусот топлото време?
Џеј Варки, специјалист за заразни болести смета дека, до втор бран - а можеби и повеќе бранови – би можело да дојде во наредните месеци.
Зошто е така ако мерките за физичко оддалечување помогнаа во забавување на ширењето на вирусот?
За да нема втор бран, според експертите, треба да развиеме широк имунитет на коронавирусот или да се најде ефикасна вакцина.
Бидејќи и едното и другото е далеку, тоа остава многумина од нас да ризикуваат да го фатат вирусот, особено затоа што можете да го ширите без никакви симптоми.
Ова е особено можно ако вирусот заврши по сезонска шема нагоре-надолу како другите видови на коронавируси или на грип, кој има тенденција да пристигне на есен, вели Насја Сафдар, специјалист за заразни болести, додавајќи:
“Сметаме дека овој вирус ќе се однесува слично“. Пандемијата на грип H1N1, на пример, ги погоди САД во пролетта 2009 година и се врати за втор бран во есен и зима.
Па, кога се очекува да погоди вториот бран на СОВИД-19?
„Голема е веројатноста дека ќе доживееме втор или евентуално повеќе бранови оваа есен и зима, со потенцијален врв околу октомври или ноември“, вели д-р Варки, предупредувајќи:
“Но запомнете: Ние се занимаваме со еден сосема нов и затоа непредвидлив вирус, па веројатно е рано да се каже дали коронавирусот ќе ја следи сезонската шема”.
Ковид-19: Кој е најзагрозен и каде е најопасно?
Доктор Сафдар пак смета дека ако ги релаксираме мерките за физичко растојание предвреме, вториот бран би можел да дојде уште порано - некаде ова лето.
Веројатно ќе има бранови на коронавирус во различни периоди во зависност од тоа како вирусот реагира на сезонските промени и како локалната самоуправа се справува со него.
Се очекува брановите да удрат во различни периоди ширум светот.
На пример, моделите предвидуваат дека јужната хемисфера ќе биде диспропорционално погодена од ковид-19 во наредните месеци додека првиот бран се повлекува од северната хемисфера.
Дали вториот бран ќе биде исто толку лош како и првиот?
Тоа е се уште во зоната на непознатото.
„Ние не можевме навистина да го предвидиме сегашното однесување на пандемијата, сè додека не беше меѓу нас, па затоа е тешко да се каже за тоа како може да изгледа вториот бран“, вели д-р Сафдар.
Какви мерки воведе Кина за спречување на ново ширење на Ковид-19
Можеби ќе доживееме низа бранови слични по интензитет со првиот, или пак голем втор бран што ќе биде далеку потежок од првиот (како што се случи за време на пандемијата на грип во 1918 година).
Може и да дојде до таканаречено „бавно горење“ во разни „жаришта“ во зависност од различните реакции на вирусот ширум светот.
Како експертите се подготвуваат за втор бран?
Експертите се едногласни дека практиките за физичко дистанцирање мора да продолжат, дури и откако ќе се отворат државите.
Д-р Варки вели дека мора да се надмине проблемот и со широко распространетите недостатоци на опрема за лична заштита, вентилатори, лекови, медицински материјали, комплети за тестирање и болнички персонал кои очајно се потребни за да продолжи со борбата против ковид-19.
Жртвите од короната - во Европа над 80, во Македонија под 70 години
Многу експерти за заразни болести работат напорно за да се обидат подобро да утврдат кој е заразен со вирусот со тестирање за антитела, или протеини што вашето тело ги прави како одговор на вирусот.
Иако имањето антитела за ковид-19 не мора да значи дека некој е имун на повторна инфекција со вирусот, тоа може да покажува кој бил заразен во првиот бран со цел да се открие колку ќе биде голем или мал вториот бран”, вели Варки, додавајќи дека е неопходно и следењето на контактите на инфицираниот и да се спроведе карантин за да се запре ширењето на вирусот.