Достапни линкови

Милиони бесплатни дигитализирани книги


Илустрација
Илустрација

Скратеното работно време поради полицискиот час, како превенција од коронавирусот, ги „отвори“ онлајн библиотеките. Милиони дигитализирани книги станаа бесплатни.

Секоја земја има различни мерки против епидемијата од коронавирусот, но најчести се седење дома и ограничено движење. За да се помогне на луѓето да седат дома, библиотеките и книжарниците низ светот ги направија бесплатни голем дел од дигитализираните книги.

Меѓу нив е интернет архивата на National Emergency Library. Во оваа дигитална библиотека се суспендирани сите листи на чекање и секој може да започне со неограничено разгледување и читање на над 1.4 милиони дигитализирирани книги. Најголем дел од нив се книги кои се користат во факултетската настава, кои се прилично скапи и тешко достапни во печатена форма. Книгите ќе може да се користат бесплатно до 30 јуни.

Слично направи и Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тие на својот сајт овозможија бесплатно симнување на дигитализираните изданија на институтот. Покрај тоа, на располагање се и електронските верзии на меѓународното списание „ЕтноАнтропоЗум“.

XS
SM
MD
LG