„Корона култура“ - виртуелни настани и маалски концерти
Град Скопје започна со „Култура во време на корона“ и ги повика независните уметници да аплицираат за да одржат виртуелни настани и маалски концерти. Првиот настан од овој проект беше концерт на Лепи Џони (Lepi Xhoni), на покривот на Дом на градежници. Вечерва пак, бендот Plutos Doubts ќе свири во скопски Аеродром, кај слаткарницата Стела.