„Пациентите со лесна форма на болест, не мора да се хоспитализираат доколку нема опасност за брзо влошување, при што приоритет треба да се даде на нивната изолација. Поради оваа причина, пациентите со благи симптоми (кои немаат некое посериозно хронично заболување, како што се белодробни или срцеви заболувања, бубрежна инсуфициенција или имунокомпромитивни состојби), може да бидат згрижени и во домашни услови, а матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот“, информира Министерството за здравство.
Превенција при домашно лекување со полесни симптоми на КОВИД-19
Министерството за здравство објави препораки за членови на семејството на пациентот со полесни симптоми на Ковид-19 во домашна нега / домашно лекување.

5
Да се избегнува директен контакт со телесни течности, особено орални или респираторни секрети и столица. Да се користат ракавици за еднократна употреба при грижа за заболеното лице и при контакт со столица, урина и отпад. Да се измијат рацете пред и по отстранувањето на ракавиците.

6
Секојдневно да се чистат и дезинфицираат честопати површините кои се допираат, како што се масите и другиот мебел во собата на заболеното лице со вообичаено средство за дезинфекција кое содржи средство за белење. Да се чистат и дезинфицираат површините во бањата и тоалетот барем еднаш дневно со редовно средство за дезинфекција кое содржи средство за белење. Да се избегнува допир со контаминирани предмети во непосредна околина на заболеното лице (на пр. избегнувајте споделување на четки за заби, цигари, прибор за јадење, садови, пијалоци, пешкири или постелнина). Приборот и садовите за јадење треба да се чистат со сапун или детергент и вода после употреба и може повторно да се користат наместо да се исфрлаат.

7
Да се пере облека, постелнини, пешкири на заболени лица со машина за перење на 60-90 степени со детергент и темелно да се исушат. Да се избегнува тресење на облеката и постелнините од заболеното лице поради можен директен контакт на кожата и облеката со контаминираните материјали.