Достапни линкови

Коронавирус - за некои обичен грип за некои смртоносен


Пациенти со коронавирус: најважно е да не разболуваме други
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Пациенти со коронавирус: најважно е да не разболуваме други

Коронавирусот се смета за најопасен за постарите лица и за оние во лоша здравствена состојба. Знаејќи дека може да биде фатален за некои луѓе, една од најважните мерки е токму да се спречи заболените од новиот вирус да го пренесуваат на другите.

„Значи, симптомите што ги имав се како нормална настинка, како грип. Имав малку треска, главоболка, општа непријатност“.

22-годишниот Нил Монро беше позитивно тестиран на коронавирус откако се врати во Барселона од Милано.

Но, тој е млад и здрав, и брзо го надмина тоа.

„Јас би сакал да ги уверам луѓето. Ако сте млади, следете ги препораките на надлежните органи, а ако сте постара личност или личност со претходна болест, тогаш преземете повеќе мерки на претпазливост. Обидете се да не присуствувате на големи настани и обидете се да имате многу добра хигиена на рацете“.

За среќа на 65-годишниот Клаудио Кончели, неговиот случај на вирус исто така беше прилично умерен.

Тој е градоначалник на градот Нембро во северна Италија, која е најпогодена земја во Европа.

„Веројатно, поради мојата улога како градоначалник и затоа што во различни околности, веројатно се сретнав со некој кој се заразил со овој вирус. За среќа, мојот случај беше апсолутно позитивен затоа што, по три дена висока температура и едноставно земајќи антипиретик, веќе немам симптоми“.

Иако е можно симптомите да не полоши од еден сезонски грип, за некои, најлошиот дел е стравот од пренесување на коронавирусот.

Јакоб Тага Рамлинг беше првиот човек во Данска со коронавирус, откако се врати дома од одмор во северна Италија.

Сега тој е опорaвен ... но препознава колку е опасен вирусот за постарите лица и за оние со здравстевни проблеми.

„Не сакам да бидам оној што разболува други луѓе. Затоа, тоа беше мојата најголема загриженост и мислам дека тоа е најголемата грижа за сите, дека не сакаме ова нешто да се шири повеќе од можно, затоа претпочитам да останам дома, уште една недела или уште две, па дури и подолго, ако можам да спречам некој да ја добие оваа болест“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG