Достапни линкови

Напаѓачот кој уби 9 луѓе во Германија се самоубил


Се самоубил напаѓачот кој уби девет луѓе во Германија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Се самоубил напаѓачот кој уби девет луѓе во Германија

Напаѓачот за кој се верува дека убил девет лица во два напада во германскиот град Ханау, според германската полиција, бил пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата соопшти дека напаѓачот имал ксенофобичен мотив. Во домот било пронајдено и телото на неговата мајка.

Полицијата во домот открила уште едно тело, но соопшти дека „нема индикации оти во нападите биле вмешани и други осомничени“.

Полицијата исто така соопшти дека информациите сугерираат оти напаѓачот извршил самоубиство во неговиот дом откако побегнал со автомобил по нападите.

Престрелките доцна во средата биле насочени врз наргеле барови во Ханау, на околу 20 километри од Франкфурт.

Првиот напад се случил во барот „Миднајт“ во центарот на градот околу 10 часот. Сведоци пријавиле дека слушнале десетина истрели.

Напаѓачот избегал од местото на настанот со автомобил, соопшти полицијата.

Потоа се случило второто пукање во „Арена Бар“.

Според извештаите на локалните медиуми, четири лица загинале пред првиот бар и пет пред вториот.

Неколку други биле сериозно повредени.

„Длабоко сум потресен. Не можете да замислите полоша ноќ. Но, ги замолувам сите граѓани да не шпекулираат“, изјави градоначалникот на Ханау, Клаус Камински.

Кан-Лука Фризена, жител на Франкфурт по инцидентот рече: „Исто како во филм. Тоа е како некој да прави шега. Јас сè уште не можам да верувам што се случи. Мислам дека сите мои колеги, тие се како мое семејство, тие сè уште не можат да веруваат во тоа“.

Германија во последниве години е место на неколку екстремистички напади.

Германските власти посебно се загрижени од растечкиот број на екстремно десничарските напади.

Во петокот полицијата уапси 12 членови на една германска екстремна десничарска група за кои се верува дека планирале „шокантни“ големи напади врз џамии, слични на оние извршени во Нов Зеланд во минатата година.

Германско-турската исламска организација Дитиб, која финансира околу 900 џамии во Германија, повика на поголема заштита за муслиманите во земјата, велејќи дека тие „повеќе не се чувствуваат безбедно“ во таа земја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG