Неизбежна е поистрајна борба против корупцијата и криминалот
Сите очекувавме поефикасна правда, особено во делот на случаите на СЈО. Знаеме дека тука имаше и објективни, но и субјективни пречки. Мислам дека неизбежно ќе биде да се продолжи поистрајно и похрабро на тој пат, затоа што после донесување на овој закон за јавно обвинителство ќе треба да следуваат уште многу други чекори, коишто ќе му дадат интегритет на судството и коишто навистина кај граѓаните ќе ја вратат довербата дека може да се истера правдата и дека никој не е недопирлив и никој не е над законот, вели во неделното интервју за РСЕ, Бојан Маричиќ, националниот координатор за европски прашања во Владата.