САД загрижени за руските обиди против Преспанскиот договор
„Соединетите држави многу се надеваат дека Европската унија ќе ги почне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во идниот месец“. Ова за Радио Слободна Европа го изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Метју Палмер, додавајќи дека Вашингтон е загрижен поради руските обиди за поткопување на поддршката за Преспанскиот договор.