Достапни линкови

Ацевски – Ревизорскиот извештај за СЈО ќе биде готов во јуни


Партиите да примаат донации само додека трае изборната кампања
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:21 0:00

Партиите да примаат донации само додека трае изборната кампања

Државниот Завод за ревизија започна со ревизија на СЈО во делот на надоместоците што ги примале обвинителите и нивните соработници. Три месеци ќе трае ревизијата, потоа Катица Јанева може да даде забелешки, а конечниот извештај се очекува до крај на јуни, вели директорот на Државниот Завод за ревизија, Максим Ацевски. Со Ацевски разговараме и за ревизијата на политичките партии за време на избори и за начинот на кои тие се финансиираат, како и за тоа зошто ревизорските извештаи со години наназад не добиваат правна разрешница.

Господине Ацевски, според најавите за вашата овогодишна програма, СЈО стигна на ред за ревизија. Дали ревизијата е почната таму?

Точна така, како што кажавте, по барање на Јавното обвинителство во годишната програма за работа на државниот Завод за ревизија за 2020 година утврдено е Специјалното јавно обвинителство како предмет на ревизија во делот на надоместоците кои се исплатени на вработените во Специјалното јавно обвинителство и нивните соработници. Согласно годишната програма за работа, ревизијата е започната, таа тече од 03.02 (трети февруари), и согласно планираната динамика треба да се заврши до 8 мај 2020.

Кога може да се очекува извештајот?

Очекуваме ревизијата да заврши на самиот почеток на мај месец. Потоа во рок од 30 дена самиот субјект, предмет на ревизија, има право на забелешки, покрај тоа што Јавното обвинителство не постои како правен субјект, меѓутоа раководителот на субјектот во тоа време со јавното обвинителство има право на забелешки на утврдените состојби во рок од 30 дена. По тој рок од 30 дена доколку има забелешки или нема забелешки, пристапуваме кон одговарање на пристигнатите забелешки или пристапување кон изработка на конечен ревизорски извештај. Така што јас очекувам до крај на јуни 2020 да имаме конечна верзија на ревизорскиот извештај во делот на надоместоците кои биле во делот на исплата на вработените во Специјалното јавно обвинителство и нивните соработници.

Тоа значи дека Катица Јанева ќе има право на забелешки на извештајот?

Тоа значи дека лицето коешто е раководител со Специјалното јавно обвинителство во периодот којшто претставува предмет на ревизија има право на забелешки на утврдените состојби.

За овие избори ќе следите како партиите ги трошат парите. Може ли да ни објасните што ќе значи тоа?

Јас ќе бев пресреќен доколку оваа година парламентарните избори ги следевме со изменет изборен законик во кој ќе беа вградени сите системски слабости констатирани од страна на државниот Завод за статистика. Во суштина имаме предлог измени на Изборниот законик коишто во целост не се вградени сите констатации од страна на државниот Завод за ревизија, системски слабости кои Државниот завод за ревизија ги повторувал и со кои ќе треба да се изменат одредени состојби во Изборниот законик.

Може да ги наведете слабостите?

Една од слабостите е на пример создавањето можности политичките партии учесници во изборниот процес да добиваат донации по завршување на изборниот процес, односно до моментот кога ќе се затвори самата сметка, тоа е во рок од 60 дена по завршување на изборите, односно по официјализирање на изборните резултати. Се поставува прашањето и логичен е одговорот - кога е познат победникот во секој изборен процес, секој донатор би сакал да донира на онаа политичка партија којашто ги добила изборите, а не на онаа која ги изгубила. Нашиот предлог беше во суштина да се создадат подеднакви услови за сите политички партии и правото на донации да се уплатуваат до моментот додека трае изборната кампања, со завршувањето на изборната кампања да се оневозможи давање средства на име донации на самите политички партии во насока на обезбедување фер и коректно учество на сите учесници во изборниот процес. Таквото наше укажување не беше прифатено и верувам дека во едно догледно време сето тоа ќе биде вградено во Изборниот закони

Тоа значи дека по старите правила ќе ги следите изборите?

Во најголем дел по старите правила, едно суштествено прашање претставува уредувањето на обврските кои се создаваат во изборниот процес. И покрај тоа што во самиот Изборен законик има одредба во која што кажува сите обврски кои што ќе се создадат за време на изборната кампања мора да се покријат или да се платат од сметката за таа намена. Но, во пракса имаме поинаква состојба. Самите учесници во изборната кампања каде што се јавуваат и физички лица создаваат обврски кои што во суштина не се подмируваат од таа сметка. Имаат обврска да ја затворат сметката и во суштина сега остануваат да лебдат тие обврски и не се знае нивниот третман, што со тие обврски.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG