Виртуелна реалност во полза на аутистични деца
Училиштето за аутистични деца „Прајор Корт“ во Беркшир, Англија започна со нов проект - прошетки во виртуелна реалност за да можат децата полесно да посетуваат нови места во реалноста. Покрај тоа, тие собираат и податоци за секое дете, за неговото однесување и потоа ги анализираат за да можат да предвидат напад.