Единаесет милиони луѓе под карантин поради коронавирусот
Кина го стави градот каде што се појави смртоносниот коронавирус во карантин. Станува збор за драстичен чекор со цел да се спречи ширењето на заразната болест од која досега починале 17 луѓе, додека неколку стотици се заразени. Вирусот веќе е забележан и во други земји. Светската здравствена организација најави одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба.