Достапни линкови

Светски економски форум во Давос - чекор пред времето


Форумот во Давос, собир на богати и славни или поглед кон иднината
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Форумот во Давос, собир на богати и славни или поглед кон иднината

„Спречување на климатската апокалипса“ е една од главните теми на Светскиот економски форум во Давос Швајцарија кој почнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Форумот и покрај критиките дека е собир на богати и славни, сепак, според оценките на неговите организатори, е обид да се предвидат идните предизвици за човештвото.

Скоро 3.000 претставници од 118 земји се очекува да допатуваат во швајцарското одморалиште Давос на Светскиот економски форум кој ја слави 50 годишнината од своето постоење.

Ѕвезда на годинашниот Форум ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп кој е меѓу 53 шефови на држави и влади што треба да присуствуваат, заедно со стотици деловни лидери и активисти на граѓанското општество, меѓу нив и Грета Тунберг.

Собирот значително се смени откако беше основан како Европски форум за управување од Клаус Шваб во 1971 година.

„И ако погледнам наназад, јас сум зачуден од тоа како се случија многу промени во светот во последните 50 години и како ние, до одреден степен, секогаш успевавме да бидеме пионери во решавањето на промените и да покажеме каков треба да биде правецот“.

Форумот годинава го смени својот фокус од последните години - од Четврта индустриска револуција - термин измислен од Шваб за да прикаже како технологијата ги трансформира животите - кон околината и одговорното деловно работење.

Од мала средба на бизнисмени кои сакаат да дознаат повеќе за техниките на менаџирање од Соединетите држави, таа стана врвен светски настан.

Името на собирот беше сменето на Светскиот економски форум во 1987 година, бидејќи Шваб се обидуваше да ја прошири својата визија за да обезбеди платформа за решавање на меѓународните конфликти.

Иако собирот продолжува да се бори со наводите дека е во потрага на богати, моќни и славни, тој го постигнува својот најголем успех со тоа што овозможува разговори меѓу лидерите.

Шефот на израелската дипломатија Шимон Перес преговараше преку ноќ во хотелска соба со палестинскиот лидер Јасер Арафат во 1994 година за да се постигне чекор напред во нивните мировни напори.

И премиерите на Грција и на Турција се состанаа во 1988 година за да ги смират односите.

Понекогаш разликите се премостуваат во рамките на самиот форум - во 1992 година, претседателот тогашниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк сподели платформа со лидерот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG