Достапни линкови

Помпео: сакаме Иран да биде како Норвешка


Помпео: ако Иран ескалира, ќе го запреме под наши услови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Помпео: ако Иран ескалира, ќе го запреме под наши услови

Американскиот државен секретар Мајк Помпео оцени дека притисокот врз Иран дава резултати и оти Вашингтон нема да се двоуми во своите постапки доколку Иран ги ексалира своите акции во регионот и пошироко.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, пред студентите на универзитетот Стенфорд, во Сан Франциско ја опиша стратегијата на американската администрација во справувањето со Иран како „комплексна акција“.

„Составивме кампања на дипломатска изолација, економски притисок и воено одвраќање. Целите се двојни: прво, сакавме да го лишиме режимот од ресурси, ресурси што му се потребни за да изврши некоја малигна активност низ целиот свет и второ, ние само сакаме Иран да се однесува како нормална нација, исто како и Норвешка“.

Помпео оцени дека економскиот притисок успеал да отсече околу 80 насто од приходите од иранската нафта.

„Решени сме да ги добиеме и последните 20 насто“, рече тој, најавувајќи дека Соединетите држави ќе возвратат на секаква акција како што беше ракетениот напад врз две бази во Ирак каде што се сместени американски војници.

До ова дојде откако во американски напад со беспилотни летала во аеродромот во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касим Солејмани.

„Режимот сигурно сега мора да разбере што ќе сториме ако тие повторно претставуваат ризик за американските животи. Ако Иран ескалира, ќе го завршиме тоа под наши услови“.

Помпео се осврна и врз резолуцијата на ирачкиот парламент со кој се бара заминување на американските војници од Ирак.

Притоа тој изјави дека повеќето лидери во таа земја приватно сакаат останување на американските војници.

„Но, веројатно сум имал 50 телефонски повици со разни Ирачани во текот на последните 10 дена: сунитски водачи, курдски лидери, шиитски водачи од широк спектар на шиитската заедница, исто така. Тие нема да го кажат тоа толку јавно, но приватно сите тие го поздравуваат фактот дека Америка сè уште е таму, спроведувајќи ја својата контра-терористичка кампања“.

Во врска со трговскиот договор меѓу САД и Кина, Помпео изрази надеж дека за неколку часа ќе дојде до негово потпишување. После двегодишен прекин најавено е дека трговскиот договор меѓу двете земји треба да биде потпишан в среда.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG