„Да ја разубавуваме околината во која живееме“
Младиот уметник, Давид Ристевски пред повеќе од 2 година започна да ги црта сивите кутии за струја и интернет. Покрај тоа, Ристевски познат и како Дред Пен, беше дел и од цртањето столбови кои имаа и намена да спречат паркирање на недозволени места. Тој често придонесува за шаренилото, но како што вели тој „зависи од сите колку сакаме да си го задржиме она што ни е убаво“. Што има да порача Ристевски?