Во знак на протест што не се решава проблемот со аерозагадувањето, денеска средношколци од неколку скопски училишта ја бојкотираат наставата и покрај тоа што пријавуваат притисоци од директорите и професорите.
„Средношколци, родители, професори, секоја наредна година, секој нареден ден, станува се полошо. Ние, средношколците, сме крајно изреволтирани од непреземањето ништо, лежерноста на власта и немањето идеја како да се реши овој најголем проблем“, напишаа во најавата за бојкотот, објавена на официјалната фејсбук страница на организацијата „Средношколски глас“.
Тие најавуваат и дека ќе се приклучат на маршот на Зелениот фронт од 17 часот.
„Ние се бориме за живот, а имаме само декларации за заложби. Бараме да се исполнат основните предуслови за да се покаже дека навистина нашите животи значат, дека илјадници прерано починати и заболени се причина нашите животи да станат приоритет на оваа држава.
Нашите над 100 барања се тие предуслови со кои власта ќе покаже дека навистина сме приоритет, ние, нашиот живот и здравје“, стои во фејсбук настанот за денешниот марш.