Достапни линкови

Германија има потреба од работници вон ЕУ


Меркел: неопходни ни се работници надвор од ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Меркел: неопходни ни се работници надвор од ЕУ

Претставници на германската влада, работодавачите и синдикатите денеска во Берлин ги почнуваат разговорите за тоа како најдобро да се примени новиот закон за квалификувани странски работници. Пред состанокот германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека на Германија и се неопходни работници од земјите надвор од ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја сака да го реши недостигот на стручен кадар со обезбедување добра обука за што поголем број луѓе.

Но, таа исто така додаде дека е неопходно и вработување на квалификувани луѓе од другите замји на ЕУ, но и надвор од неа.

Меркел оцени дека тоа што во Германија веќе работат над 2,5 милиони луѓе од другите земји на Европската унија не било доволно.

За таа цел Законот за имиграција на квалификувани работници стапува во сила на 1 март 2020 година.

Тој ќе треба да го олесни доѓањето во Германија на квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ.

Меркел наведува дека недостигот на квалификувана работна сила во Германија би можело да ги натера германските компании да се преселат во странство.

„Знаеме дека многу сектори и компании бараат квалификувани работници. Без доволно квалификувани работници, Германија како деловна локација не може да биде успешна. Затоа е неопходно да ги вложиме сите напори да вработиме доволен број стручњаци. Во спротивно, компаниите ќе се селат“, рече таа.

Предупредувањето на Меркел уследи пред денешниот состанок меѓу претставници на германската влада, работодавачите и синдикатот во Берлин на кој фокус ќе биде ставен врз прашањето како најдобро да се примени новиот закон за квалификувана имиграција.

Побарано е од државата да ангажира дополнителен персонал и да организира централа со што таа би помогнала да се забрза обработката на визите.

Исто така се бара проширување на понудата за курсеви на германски јазик така што потенцијалните работници би можеле да ги завршат и во земјите од каде што потекнуваат.

На Германија најмногу и се поребни инжењери по електротехника, металски инжењери, кувари, медициснки сестри, програматори.

Владата настојува да привлече и стручњаци од Мексико, Филипините, Бразил, Индија и Виетнам.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG