Во Босна и Херцеговина и натаму преку разни шверцерски канали пристигнуваат многу мигранти и бегалци. Граничната полиција мака мачи да ги одвтрати, но како што велат од таму, тоа се помалку им успева. Граѓаните пак, почнаа да се плашат за нивната безбедност.