Тимот на Урбаните Уметнички акции и Центарот за современи уметности со подарок за 75 годишнината од ослободувањето на Скопје - мурали во дворот на Универзална сала.
„Драго наше Скопје, ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и град на илјадници љубови, град на маџирмаалските голуби и чаирските фраери. Ти си единствениот град во кој сме дома. Ти си феникс, ти си нашиот град, ти си градот на солидарноста. Издржи Скопје за нас, за тебе, за следните генерации Скопјани! Те сакаме и секогаш ќе бидеме тука за тебе и во добро и во зло! Среќен роденден, среќни 75 години слобода!“, напиша тимот.
Оттаму информираа дека муралите се дело на еминентните ликовните уметници од средната генерација Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров.