Достапни линкови

Разочарани одгледувачи на марихуана во САД


Првата легална берба на марихуана во САД без купувачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Првата легална берба на марихуана во САД без купувачи

Илјадници американски земјоделци кои побрзаа да ја садат веќе легализираната марихуана со надеж дека ќе заработат, сега не можат да најдат купувачи. Познавачите велат дека првата легална реколта ги разочара одгледувачите.

Со надеж за големи профити, илјадници американски фармери годинава се нурнаа во бизнисот на одгледувањемарихуана.

Намерата за нивно брзо збогатување ја базираа врз експлодирачката побарувачка на масло од марихуана.

Одгледувањето марихуана во Соединетите држави беше легализирано во 2018 година, приближно во исто време кога Американците се навлекоа на производи од ова масло, дериват на коноп за кој се верува дека ја олеснува вознемиреноста и помага при други здравствени проблеми.

Џејсон Грифин, професор по градинарство на државниот универзитет во Канзас, вели:

„Одгледувањето на марихуаната е многу слично како и со другите растенија“.

Но, она што не е толку едноставно за земјоделците во моментов е да најдат купувач.

Околу 65 проценти од одгледувачите на коноп во Соединетите држави не можат да најдат некој да ги купи нивните производи оваа сезона.

Првично примамливите проекции во време на садењето во минатата пролет дека конопот ќе повлече 40 долари за килограм не се остварија.

Земјоделците што сега го берат конопот ќе добијат околу половина од тоа - ако можат да најдат купувач.

Па, каде ќе оди конопот од земјоделците што имаат доволно среќа да ја продадат културата?

Џејсон Грифин вели:

„Ќе заврши во процесор, кој потоа ќе извлече масло од коноп. Или може да оди преку граница кон соседните држави, каде што производот од коноп за пушење е легален“.

Новите привремени правила, објавени деновиве се очекува да го отворат патот за земјоделците да се организираат за подобро осигурување и финансирање, со цел нивното одгледување да не биде толку ризично како годинава.

Иронијата е, како што велат познавачите на оваа индустрија, што многумина земјоделци кои прв пат почнаа да одгледуваат коноп ќе се откажат од тоа по оваа разочарувачка прва реколта.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG