Достапни линкови

Кина преку Грција во Европската унија


Грција - портата на Кина кон Европската унија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Грција - портата на Кина кон Европската унија

Кина и Грција потпишаа во Атина 16 билатерлани спогодби во кои се нагласува соработката во широк спектар на сектори. Со тоа всушност беше одбележан почетокот на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг чија цел е унапредување на глобалната инвестициска иницијатива на неговата земја на тлото на Европската унија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг присуствуваше на церемонијалната вечера во Атина, чиј домаќин беше грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Двете земји претходно потпишаа 16 билатерални договори за соработка во широк спектар на сектори и за унапредување на големата глобална иницијатива за кинеско инвестирање на територијата на Европската унија.

По потпишувањето грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, оцени:

„Потпишувањето на шеснаесет владини и деловни договори меѓу Грција и Кина на сите нивоа е пат кој се отвори и кој наскоро ќе стане автопат“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг пак, за време на вечерата нагласувајќи ја добрата соработка меѓу девете земји посебно го посочи примерот со пристаништето во Пиреја во близина на Атина.

„Прагматичната билатерална соработка претставена од пристаништето во Пиреја постигна плодни резултати.

Платформите на конференцијата за дијалог на азиските цивилизации и Форумот за антички цивилизации ќе станат белег на културната и меѓусебната размена меѓу двете страни“.

Џинпинг и грчкиот премиер Мицотакис претходно го посетија пристаништето Пиреја, предводник на проектот во билатерална соработка и го поздравија како успех во рамките на соработката „Појас и пат“.

Во 2009 година, кинескиот државен гигант за транспорт „Коско“ започна да управува со терминалите на контејнери, а во 2016 година се здоби со мнозинскиот удел во пристаништето и формално го презеде управувањето и работењето.

Досега, проектот создаде работни места за над 10,000 локални жители директно или индиректно, а пристаништето Пиреја стана најголемото пристаниште во медитеранскиот регион и еден од најбрзорастечките терминали на контејнери во светот.

Грција сè уште се бори да се врати од длабоката и долготрајна финансиска криза што ја намали нејзината економија за 25 насто.

Земјата и нејзината нова конзервативна влада се подготвени да привлечат инвестиции во странство и покрај загриженоста на некои од западните сојузници на Атина за брзото проширување на глобалното влијание на Кина во Грција.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG