Достапни линкови

Предвремени избори за спас на Брегзитот


Британија - предвремени избори за излез од ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Британија - предвремени избори за излез од ЕУ

Британија по скоро еден век ќе одржи избори во декември. До ова доаѓа откако премиерот Борис Џонсон го доби одобрението од парламентот за предвремени избори со цел да се надмине ќор-сокакот околу Брегзитот.

Откако Европската унија по трет пат го одложи разводот што првично требаше да се случи на 29 март, Британија, нејзиниот парламент и електоратот остануваат поделени за тоа како, или дали навистина да се спроведе Брегзитот.

Џонсон кој вети дека ќе го оствари заминувањето од Унијата на 31 октомври во стилот „направи или умри“, побара избори на 12 декември за состав на нов парламент.

„Има само еден начин да се придвижи оваа земја напред, а тоа е да заврши Брегзитот. И има само еден начин да се направи тоа, наспроти овој непопустлив парламентарен опструкционизам“.

Џонсон во сегашниот парламентарен состав нема мнозинство што ги фрустрираше неговите обиди да го ратификува во последен момент договорот за развод, кој го постигна претходно овој месец со Европската унија.

Во редок парламентарен успех за Џонсон, по низата порази, неговиот краток предлог-закон за избори на 12 декември беше одобрен со 438 против 20 гласа во Долниот дом.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин беше против изборите се додека беше на маса Брегзитот без договор.

Но, сега кога Унијата го одобри третото одложување на Брегзитот, до крајот на јануари, тој изјави дека условите за избори се исполнети.

Премиерот Џонсон пред гласањето изјави дека парламентот го спречува Брегзитот и со тоа ја оштетува економијата, ги спречува инвестициите и ја расипува вербата во демократијата.

Првите божиќни избори во Велика Британија од 1923 година ќе бидат многу непредвидливи.

Брегзитот на различни начини ги замори и ги разлути гласачите, истовремено намалувајќи јатрадиционална лојалност кон двете најголеми партии, Конзервативната и Лабуристичката.

Ако ниту една партија не победи тогаш Брегзит ќор-сокакот и парламентарниот хаос - би можеле да продолжат.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG